fbpx

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

-

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучиле дека ЗНМ до крај ќе инсистира на правичност на Судот и Обвинителството во постапувањето по овој случај сѐ додека Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

– Изминатите неколку години ЗНМ континуирано даваше поддршка на Кежаровски и тој став принципиелно ќе го браниме сѐ додека не биде задоволена правдата. Затоа бараме ОЈО да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата. Доколку обвинителството не го повлече обвинението, бараме од Кривичниот суд да го отфрли обвинението – рече Чадиковски.

Кежаровски изрази благодарност за досегашната поддршка што ја добивал од ЗНМ од самото почнување на процесот.

– Со адвокатот Филип Медарски очекуваме во овој случај фер судење на кое ќе можеме докрај да ги истакнеме сите наши докази дека за тоа не го сторив делото за кое бев обвинет и осуден – посочи Кежаровски.

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Скопје 1 и на Апелација за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење.

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ со што, како што пресуди судот, му го загрозил животот.

Тој доби првостепена пресуда од четири и пол години затвор, која потоа Апелацискиот суд ја намали на две години.

Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а беше и во домашен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...