fbpx

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Возачот Маноил Трифуновски е обвинет за предизвикување на несреќата, а неговата одбрана се обидува да докаже дека автобусот не бил во добра состојба и дека тоа ја предизвикало несреќата

-

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд – Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење на автобусот на несреќата. Тој нагласи дека неколку пати одговарал на прашањата, пренесе Порталб.мк.

Возачот Маноил Трифуновски е обвинет за предизвикување на несреќата, а неговата одбрана се обидува да докаже дека автобусот не бил во добра состојба и дека тоа ја предизвикало несреќата.

Во текот на судењето, супервештакот Зекирја Зекири сведочеше дека системот за потпирање на автобусот немал притисок, а перничињата не биле надуени, но било утврдено дека некои перничиња во првата, втората и третата осовина во системот биле испукани.

„Утврдивме дека се испукани 2 перничиња на првата осовина, 4 на втората и 2 на третата осовина и ова го добивме од експертизата на Машинскиот факултет“, одговори Зекири.

Оценката на Зекири предизвика прашање од бранителот Лупчо Мицевски, кој праша зошто во вештачењето има само две наместо осумте фотографии направени од Машинскиот факултет. На прашањето се спротивстави обвинителот, но судијата го дозволи, а Зекири објасни дека машинските вештаци ги прегледале пневматските елементи кои не се видливи на фотографиите.

„Ние само дадовме мислење, заклучок дека автобусот бил технички неисправен, но, по однос на тоа дали треба или не да се пушти во сообраќај, не сме компетентни да кажеме да или не“, рече Зекири.

При вкрстеното испрашување Мицевски праша и за ретардерот – уред кој ги успорува големите возила, како автобуси и камиони, но не е дизајниран да ги запре целосно. Зекири рече дека не го проверил ретардерот, но Дамјан Мирчовски, член на суперстручниот тим, истакна дека во извештајот не е наведено оштетување на забавувачот.

Судскиот процес за несреќата го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...