fbpx

Бошкоски откако одлежа 5 години затвор, ослободен е за случајот „Кампања“

-

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“, во кој беше обвинет за нелегално финансирање на изборите како лидер на партијата Обединети за Македонија, во 2011 година.

Бошкоски беше осуден дека земал пари за кампањата од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци. За овој случај, Бошкоски веќе одлежа пет години затвор во „Идризово“, а предметот беше вратен на повторно судење по негово барање, откако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци.

„Од денес па натаму сум можеби единствен на балканските простори што помина 11 години неправедно во затвор. Времето никој не може да ми го врати, но ги охрабрувам сите судии да ги земат предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците“, изјави тој по изрекувањето на пресудата и додаде дека моментално ќе се повлече од политиката поради приватни причини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...