fbpx

Поранешниот директор на Онкологија Васев доби ослободителна пресуда

Обвинителството по изрекувањето на судската пресуда најави жалба пред второстепен суд, бидејќи сметаат дека обвинетите лица треба да бидат осудени

-

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајцата доктори од оваа клиника, Игор Стојковски и Марија Симоновска денеска добија ослободителна пресуда од скопскиот Основен кривичен суд. Судијката Славица Наумовска рече дека тројцата обвинети се ослободуваат од обвинението, бидејќи од изнесените докази не се докажало делото што им се ставаше на товар.

Обвинителството по изрекувањето на судската пресуда најави жалба пред второстепен суд, бидејќи сметаат дека обвинетите лица треба да бидат осудени.

Предметот против тројцата лекари започна во 2021 година, а тие од Обвинителството се теретеа дека на пациент со малиген меланом три месеци не му препишувале терапија на Клиниката за онкологија, поради што тој починал откако му се влошила здравствената состојба. Станува збор за случај од 2018 година. Докторите беа обвинети за несовесно лекување на болни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...