Мицкоски мафта со документи за скандалот на Онкологија, од СДСМ велат дека ја загрозува истрагата

Јавното обвинителство има обврска да ја извести јавноста дека информациите изнесени  денеска во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста, изјавија од обвинителството

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со нови обвинувања до власта за скандалот на Клиниката за онкологија во Скопје, тврдејќи дека лекови за пациенти болни од канцер биле давани во торбиче, а Клиниката за онкологија фактурирала како да им дале терапија на лице место, лекови доцнеле, а за тоа никој од здравство не испратил допис, не биле раскинати договорите со набавувачите и немало никаква контрола при аплицирањето на лековите што им се давале на пациентите кои лежат на Клиниката. Тој рече дека сето ова се случувало и годинава.

„Свесно се крши договорот, не се испорачуваат лековите, пациентите остануваат без потребната терапија, и за тоа никој не сноси никакви последици… Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата“, изјави денеска Мицкоски.

Партискиот лидер вели дека документите што ги поседуваат покажуваат оти лековите коишто требало да спасат човечки животи, претставувале можност за профит. Според Фондот за здравствено осигурување, овие лекови на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите.

Мицкоски рече дека сите нови документи и извештаи ќе ги достави до Јавното обвинителство и побара анкетната комисија во Собранието да се прошири и во опфатот да биде и овој период којшто го опфаќа овој извештај.

Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ денеска му одговори на Мицкоски, порачувајќи му дека ако навистина има докази, тогаш Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, односно до надлежното јавно обвинителство.

„Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата? Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија. Прикривање докази исто така е кривично дело. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата“, изјави пратеникот Коциќ.

Од СДСМ очекуваат реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоски.

„Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност. После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за првпат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување“, изјави пратеникот Коциќ.

Од Основното јавно обвинителство Скопје пак денеска излегоа со информации во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија. Тие ги обезбедиле сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на клиниката за периодот 01.01.2015 година до март 2023 година, односно не и за периодот за кој зборуваше Мицкоски.

„Јавното обвинителство има обврска да ја извести јавноста дека информациите изнесени  денеска во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста“, изјавија од обвинителството и додадоа:

„Нов тримесечен извештај за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до обвинителството. Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи“, велат од Обвинителството.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...