fbpx

Уапсени четворица за злоупотреби на Клиниката за онкологија, меѓу кои и ексдиректорот Нино Васев

Од обвинителството велат дека акцијата за случајот со Клиниката за онкологија е во тек и дека подоцна ќе бидат соопштени повеќе детали

-

По речиси целодневен молк, од Јавното обвинителство потврдија дека за аферата со злоупотреби на Клиниката за онкологија, по налог на обвинителството биле извршени претреси на три локации, а уапсени се четири лица. Од обвинителството велат дека акцијата за случајот со Клиниката за онкологија е во тек и дека подоцна ќе бидат соопштени повеќе детали.

Меѓу уапсените и задржаните во полициска станица е и ексдиректорот на клиниката, Нино Васев.

Според досегашните информации, полицијата влегла во клиниката околу 8 часот утринава. Директорите на клиниката, Виолета Клисарова и организацискиот директор, Халид Матоши, во изјава за медиумите потврдија дека утринава од работните места биле уапсени три лица.

Од Министерството за здравство не сакаа да ги коментираат истрагите. Оттаму единствено информираа дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално и дека во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.

Предистрагата за евентуални злоупотреби со лековите за болните од рак трае повеќе од 4 месеци. Беа извршени распити на повеќемина вработени и експерти. Се вршеше распит и на пациенти на линијата што ја отвори Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија. Се бараше и меѓународна соработка, во однос на пациентите од Косово и од Албанија, за кои се тврдеше дека на црно примале од терапијата наменета за пациентите болни од карцином во земјава.

Сомнежите кои се објавуваа месеци наназад се дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Ова, според првично објавените информации во медиумите „Фокус“ и „Слободен печат“, било правено на начин што во системот фигурирале пациенти кои воопшто не биле болни од рак, а им биле препишувани големи дози терапија. Исто така, според пишувањата, терапија им била препишувана и на пациенти кои починале, но тоа не било заведено во системот или пак на лица кои се во терминална фаза на болеста. Оваа терапија, според објавите, потоа била препродавана, а со тоа, во прашање се доведувало и каква терапија всушност примале вистински болните од карцином.

Сомнежи за работата на Клиниката за онкологија изрази и Државниот завод за ревизија во 2022 година – констатирани беа пропусти при набавката на биолошка терапија, лошо планирање на системот за приклучување пациенти на терапијата, набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекорување на буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...