понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: биолошка терапија | 11 резултати

Обвинителството ќе им дозволи на тројца онколошки пациенти да имаат увид во предистрагата

11 септември 2023

Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци […]

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

7 септември 2023

По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија – дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како […]

Меџити во посета на Клиниката за онкологија: Терапијата е соодветна и нема злоупотреби

6 септември 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, информираат од Министерството за здравство. Министерот Меџити со лекарите разговарал за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна […]

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

5 септември 2023

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе […]

На протест се бараа оставки за случајот со Клиниката за онкологија

4 септември 2023

Попладнево на протест излегоа граѓани кои бараат расветлување на скандалот со Клиниката за онкологија, откако медиумите објавија сомнежи за злоупотреби со терапијата на болните од рак. Додека МВР и обвинителството, според денешното соопштение, вршат распит на лица и собираат докази, граѓани се собраа пред Владата, извикувајќи „убијци, убијци“ и палеа свеќи за жртвите на здравствениот […]

Раководството на Клиниката за онкологија и друг лекарски и медицински персонал соработува со обвинителството

4 септември 2023

Во предистражната постапка за евентуални злоупотреби на Клиниката за онкологија соработува и помага и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал, информираше денеска Јавното обвинителство, по објавите во медиумите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Од […]

Реакции за скандалите на Клиниката за онкологија, се бара одговорност

4 септември 2023

„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на […]

Страна 1 од 1