Раководството на Клиниката за онкологија и друг лекарски и медицински персонал соработува со обвинителството

Од обвинителството ги охрабруваат сите лица кои имаат сознанија во врска со случајот за евентуални злоупотреби со терапијата на Клиниката за онкологија, да ги пријават на надлежните органи

-

Во предистражната постапка за евентуални злоупотреби на Клиниката за онкологија соработува и помага и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал, информираше денеска Јавното обвинителство, по објавите во медиумите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Од обвинителството ги охрабруваат сите лица кои имаат сознанија во врска со случајот, да ги пријават на надлежните органи.

„Во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели. Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури“, велат од обвинителството.

Засега, издадени се наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите во петокот, а истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за случајот. ОЈО Скопје најавува дека ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата.

„Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност“, велат од обвинителството.

Оттаму до граѓаните апелираат на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице.

„Ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат“, велат од обвинителството.

Инаку, Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава во изјава за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 го квалификуваше овој случај како злосторство.

„Нема збор кој може да го опише тоа што се случува. Се изгубила човечката димензија, и ова се состојби кои во континуитет подолг временски период траеле“, изјави министерот Спасовски.

Тој додаде дека посебен тим од полицијата работи во координација со обвинителството, направен е целосен план и интензивно се работи на прибирање на информации во овој дел. Спасовски додаде дека бројот на лица во истрагата е поголем и рече дека нема да има никаква толеранција.

Случајот беше обелоденет од страна на неделникот „Фокус“ и од „Слободен печат“, а сомнежите се дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црн пазар. Ова, според објавените информации било правено на начин што во системот фигурирале пациенти, најчесто блиски роднини на раководството, кои воопшто не биле болни од рак, а им биле препишувани големи дози терапија. Исто така, според пишувањата, терапија им била препишувана и на пациенти кои починале, но тоа не било заведени во системот или пак на лица кои се во терминална фаза на болеста. Оваа терапија наводно била препродавана, а со тоа, во прашање се доведува и каква терапија примале вистински болните.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...