fbpx

Украинскиот министер за одбрана Резников поднесе оставка, на негово место доаѓа Рустам Умеров

„Беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за украинската армија во последните 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина“, објави Резников

-

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников поднесе оставка до Врховната Рада на Украина, пренесе Укринформ. На негово место, според претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе биде назначен Рустем Умеров.

„Го поднесов моето писмо со оставка до Руслан Стефанчук, претседател на парламентот на Украина. Беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за украинската армија во последните 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина“, објави Резников на социјалната платформа Х, пренесува Укринформ.

Резников објави и фотографија од писмото за оставка.

Како што објави Укринформ, на 3 септември, претседателот Володимир Зеленски рече дека во рок од една недела во парламентот ќе поднесе предлог за разрешување на Олексиј Резников од функцијата министер за одбрана и назначување на Рустем Умеров, кој во моментов ја извршува функцијата шеф на Фондот за државна сопственост на Украина.

„Оваа недела, од парламентот ќе биде побарано да донесе кадровско решение. Би сакал да го наведам сега. Решив да го сменам министерот за одбрана“, рече Зеленски.

Тој истакна дека Резников беше министер за одбрана за 550 дена целосна војна, но на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција и со војската и со општеството.

„Сега Министерството треба да го води Рустем Умјеров. Врховната Рада на Украина добро ја познава оваа личност, а на господинот Умеров не му треба дополнително воведување. Очекувам дека парламентот ќе го поддржи овој кандидат“, рече Зеленски.

Според член 114 од Уставот на Украина, министерот за одбрана и министерот за надворешни работи ги именува Врховната Рада на предлог на претседателот.

Олексиј Резников го предводеше Министерството за одбрана на Украина од 4 ноември 2021 година.

Оставката на Резников доаѓа по корупциските скандали со набавките околу Министерството за одбрана на Украина. Во јануари 2023 година, за прв пат се појавија извештаи во медиумите за можна оставка на Резников. Сепак, тоа не се случи. Во август, некои медиуми повторно објавија за можно разрешување на актуелниот министер за одбрана, како и негово можно назначување за амбасадор на Украина во Обединетото Кралство. За возврат, Резников рече дека „не е запознаен“ со можните планови да го назначи за амбасадор во ОК откако тој ќе ја напушти функцијата министер за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...