fbpx

Обвинители од земјава во Косово бараа докази за злоупотреби на Клиниката за онкологија

Косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци, се вели во соопштението на обвинителството

-

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден биле во косовското Обвинителство и оствариле директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираа од Јавното обвинителство.

„Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци“, се вели во соопштението на обвинителството.

Од таму најавуваат дека во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во обвинителството во Република Албанија.

Овие средби доаѓаат по написите во медиумите дека на Клиниката за онкологија биле вршени злоупотреби со скапата биолошка терапија, од која дел, наместо кај пациентите, завршувала на црниот пазар. Сомнежите се дека биолошката терапија за болните од рак им била давана, односно продавана на пациенти од Косово и од Албанија, кои наводно се лечеле на клиниката во Скопје.

Од обвинителството велат дека секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија за случајот.

Во меѓувреме, Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој се однесува на работата на Клиниката за онкологија.

Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...