Comments are closed.

На протест се бараа оставки за случајот со Клиниката за онкологија

Иако протестите беа најавени како непартиски, сепак на протестот беше видно присуството на припадници од партијата „Левица“, на чело со лидерот и пратеник, Димитар Апасиев, кој носеше транспарент со погрдни зборови против владејачката партија СДСМ

-

Попладнево на протест излегоа граѓани кои бараат расветлување на скандалот со Клиниката за онкологија, откако медиумите објавија сомнежи за злоупотреби со терапијата на болните од рак.

Додека МВР и обвинителството, според денешното соопштение, вршат распит на лица и собираат докази, граѓани се собраа пред Владата, извикувајќи „убијци, убијци“ и палеа свеќи за жртвите на здравствениот систем во земјава. Повеќе граѓани пред камерите ги раскажаа и голготите низ кои поминале пред некој нивни близок да ја загуби битката со болеста. Еден помлад учесник на протестот опиша како мајка му починала кратко време откако почнала да прима хемотерапија, додека една жена видно вознемирена, раскажуваше за смртта на нејзиниот син како последица од канцер на една од приватните клиники.

Учесниците оставаа отпечатоци од крвави раце пред Владата, од каде што почна протестот во 18 часот и пред Обвинителството, каде што заврши. Дел од демонстрантите гаѓаа и со јајца.

Иако протестите беа најавени како непартиски, сепак на протестот беше видно присуството на припадници од партијата „Левица“, на чело со лидерот и пратеник, Димитар Апасиев, кој носеше транспарент со погрдни зборови против владејачката партија СДСМ.

На социјалната мрежа Фејсбук тој сподели дека за време на протестот „двајца активисти на Црвена Младина се уапсени од специјалци и однесени во полициската станица Беко, без да образложи зошто биле спроведени.

„Протестот продолжува таму, се гледаме“, напиша тој, а подоцна додаде дека студентите се пуштени и најави претставка до Секторот за внатрешна контрола на МВР.

„Сепак, ние ќе победиме“, објави Апасиев.

Најавено е дека следниот протест ќе се одржи следниот понеделник во исто време, во 18 часот.

Случајот се отвори кога се отворија и сомнежите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Ова, според објавените информации во „Фокус“ и во „Слободен печат“, било правено на начин што во системот фигурирале пациенти, најчесто блиски роднини на раководството, кои воопшто не биле болни од рак, а им биле препишувани големи дози терапија. Исто така, според пишувањата, терапија им била препишувана и на пациенти кои починале, но тоа не било заведени во системот или пак на лица кои се во терминална фаза на болеста. Оваа терапија потоа била препродавана, а со тоа, во прашање се доведува и каква терапија всушност примале вистински болните.

Директорката на Клиниката за онкологија Виолета Клисаровска и министерот Фатмир Меџити побараа да не се шират невистини и образложија што е направено додека тие се на функции за да нема никакви злоупотреби на клиниката. Тие побараа случајот да добие разврска во најкраток можен рок.

„Најодговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас директорка, секој пациент ја добива пропишаната потребна терапија, без никава манипулација со лековите. Сакам ова да се открие и вината да добие име и презиме. Како тим сме достапни на надлежните, за да брзо се откријат виновниците. Апелирам до нив, час поскоро да донесат одлука, да ги именуваат виновниците ако ги има. Ова за нас е многу важно за да се отфри колективната вина која сега се фрла на целата наша институција, на целиот тим, што ја руши довербата пациент – лекар, што директно се одразува на здравјето на нашите пациенти. Од името на стручниот колегиум, најостро го осудуваме секое нестручно работење со молба кон сите надлежни да не се генерализира проблемот и да се обвинува цел тим“, рече Клисаровска.

Клисаровска: Од денот кога сум директорка, одговорно тврдам дека секој пациент ја добил терапијата

 

1 КОМЕНТАР

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...