Млади од Трубарево палеле кабли во Аеродром
септември 29, 2025
Две момчиња од Трубарево се уапсени во Аеродром бидејќи палеле кабли. Според информација од Министерството за внатрешни работи, викендов полициски службеници од полициската станица во Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во општината Аеродром кој сведочел дека тие во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле кабли. […]