fbpx

Поднесено обвинение за Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и таткото на Бојан Јовановски

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска во Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Меѓународен сојуз“ против пет лица и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски како и самиот Бојан Јовановски.

Се товарат за измама и за перење пари, а Миле Јовановски се гони и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

„Во периодот од 08.07.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот (се мисли на Бојан Јовановски) како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Второобвинетата (се мисли на Јасна Мандиќ) откако првообвинетиот ќе и дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот. Третообвинетата (се мисли на Фросина Ременски) со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“, велат од Обвинителството.

Обвинителството го сомничи петообвинетиот Миле Јовановски дека со умисла му помогнал на неговиот син Бојан Јовановски да ги пушти парите во оптек, така што ги уплаќал на своја девизна сметка, а дел од нив ги уплаќал на правните лица како позајмица.

Обвинителството со поднесувањето на предлог-обвинението, побара и продолжување на куќниот притвор на Јасна Мандиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...