fbpx

Осум дена пред да му застари делото на Мијалков, Апелација ќе одлучува за „Титаник 2“

Кривичното дело за кое се гони Мијалков, „примање награда за противзаконито влијание” застарува на 7 април годинава

-

Само осум дена пред да му застари делото на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Апелацискиот суд закажа јавна седница за предметот „Титаник 2“.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден 30.03.2023 година во 11 часот и 30 минути“, стои во соопштението на Судот.

Кривичното дело за кое се гони Мијалков, „примање награда за противзаконито влијание” застарува на 7 април годинава. Тој се гони за учество во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а апсолутна застареност на делото настапува за 10 години.

„Фокус“ објавува дека Вишото обвинителство веќе дало мислење за случајот, а по одржувањето на јавната седница, се очекува Апелацискиот суд да донесе мериторна односно конечна, правосилна пресуда за обвинетите во овој случај.

За овој случај пет години не беше донесена правосилна пресуда. Судењето започна во април 2018 година. Обвинетите беа осудени во март 2019 година, но Апелација во декември 2019 година ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.

Втората пресуда за „Титаник 2″ беше донесена на 23 јануари оваа година, непосредно пред застарувањето на делото за Мијалков, а по мислењето од Вишото обвинителство, Апелација закажа јавна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk

Мета факт: Во тек е вклучувањето на државните инспекторати во Е-инспектор

Единаесет државни инспекторати се веќе дел од системот Е-инспектор, додека пет чекаат да им се обезбедат технички услови во текот на следните десетина дена. Дигитализацијата на инспекторатите ќе треба...