среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Апелационен суд Скопје | 25 резултати

По речиси 1.000 судски предмети годишно застаруваат, сторителите не одговараат [инфографик]

мај 24, 2023

Во сите судови во државата во просек застаруваат по речиси 1.000 предмети на годишно ниво, или поточно, по 932, покажуваат податоците што Мета.мк ги доби од судовите, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се однесува на периодот од 2018 до 2022 година, а најмногу застарени предмети имало во 2019 […]

Сопственикот на „ДоказМ“ бара изземање на обвинителот Рајчев од постапката во Апелација

мај 17, 2023

Изземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од постапката побара денеска сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, на јавната седница во Апелациониот суд Скопје. Набргу откако започна седницата за првостепената пресуда за Стаменковски, кој беше осуден на три години и еден месец затвор за повеќе кривични дела, истата се прекина. Причина за прекинот беше што сопственикот […]

Мијалков и официјално „куртули“ за случајот „Титаник 2“

април 8, 2023

Официјално застаре и четвртото дело за кое беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица. До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште. Еднаш се донесе […]

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

април 4, 2023

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ […]

Апелација ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, кога делото на Мијалков веќе ќе биде застарено

март 30, 2023

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја одложи седницата за случајот „Титаник 2“ за на 13 април, шест дена откако застарува делото на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков. Со ова практично Мијалков повеќе не може да биде гонет за овој случај. На денешната седница присутни биле само адвокатите, Мијалков кој бил спроведен од затворот во […]

Осум дена пред да му застари делото на Мијалков, Апелација ќе одлучува за „Титаник 2“

март 28, 2023

Само осум дена пред да му застари делото на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Апелацискиот суд закажа јавна седница за предметот „Титаник 2“. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден […]

„Крвавиот четврток“ и судовите: Противречни пресуди за новинарите кои известуваа од Собранието

јануари 18, 2023

Апелацискиот суд со своите пресуди му ги повредил правата на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“ во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Вака се изјаснија судиите од Уставниот суд и денеска побараа по овој предмет да се отвори дискусија на дневен ред на некоја од наредните седници. „Во текот на советувањето […]

Апелација ја укинала пресудата за Мијалков оти била нејасна и неразбирлива

декември 19, 2022

Пресудата за 12 години затвор за екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, била укината бидејќи била „нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, соопшти Апелациониот суд во Скопје. Во истото соопштение, без прецизно да објаснат зошто, од Апелација велат дека при носење на ваквата одлука не размислувале суштински на застарувањето на делото. Членовите на Советот […]

ЗНМ: Скандалозно решение на Апелациониот суд против новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ

ноември 9, 2022

Советот на Апелациониот суд во Скопје составен од судиите Татјана Дуковска како Претседател на советот, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи донесоа скандалозно и срамно решение против новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Апелациониот суд во Скопје со решението од 08-ми ноември ја укинува пресудата на Основниот кривичен […]

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

февруари 3, 2022

Апелацискиот суд – Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски. Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и […]

Сашо Мијалков излегува од притвор – Апелација ја усвои жалбата за „Плацевите на Водно“

декември 29, 2021

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, бидејќи Апелациониот суд му ја усвоил жалбата на мерката притвор што беше поднесена од ОЈО за случајот „Плацевите на Водно“. Од Апелациониот суд во Скопје за „А1 он“ потврдиле дека е укината мерката притвор за Мијалков, а со ова тој ќе може да биде пуштен дома […]

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

октомври 30, 2020

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор. „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како […]

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

септември 3, 2020

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на […]

ЗНМ предупредува за загрозување на добрата судска пракса за клевета

јуни 30, 2020

Основниот граѓански суд во Скопје од 1 септември годинава ќе ја смени досегашната добра практика за постапување по предметите поврзани со слободата на изразување, односно за тужбите за клевета и навреда против новинари. Досега тужбите за клевета против новинари беа судени од тројца обучени судии, кои од 2012 година, кога беше донесен Законот за граѓанската […]

Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

ноември 19, 2019

Апелациониот суд Скопје го прифатил барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за затворскиот притвор во Шутка да ѝ биде заменет со домашен притвор, јавува телевизија „Телма“. Ваквата одлука доаѓа на само неколку дена пред 3 декември, за кога е закажан почетокот на судењето во Основниот кривичен суд – Скопје на Катица Јанева, Бојан […]

Апелација одлучи Бојан Јовановски – Боки 13 да остане во притвор

октомври 4, 2019

Бојан Јовановски – Боки 13 останува во притвор. Апелацискиот суд донесе одлука да не ја прифати неговата жалба за укинување на мерката притвор. Иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство. Адвокатите на Бојан Јовановски најавија и жалба откако му беше […]

Апелација одлучува за барањето на Боки 13 да излезе од притвор

октомври 3, 2019

Апелацискиот суд одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за да излезе од притвор. – По две неуспешни операции со лекарска грешка, неопходен ми е соодветен медицински третман, а тоа […]

Апелација одлучи Катица Јанева да остане во притвор

октомври 1, 2019

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на Катица Јанева и одлучи поранешната претседателка на СЈО да остане во притвор. Главната причина за донесување на ваквата одлука на судиите е постоењето опасност Јанева да се обиде да избега. Судиите ја земале предвид информацијата на оОбвинителството дека истрагата е завршена, со што е отстранета опасноста Катица Јанева да […]

Апелацискиот суд ги потврди доживотните казни на осудените во „Монструм“

декември 14, 2015

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ од 30 јуни 2014 година, со која шесттемина обвинети за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро беа осудени на доживотен затвор, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. „Апелациониот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9 октомври 2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот […]

Љиљана Ивановска-Шопова, нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

ноември 26, 2015

Судскиот совет на Република Македонија на денешната 208. седница, за претседател на Апелацискиот суд Скопје ја избра Љиљана Ивановска-Шопова, соопштија од Судскиот совет. На денешната седница, исто така, се избрани и нови претседатели на Основните судови во Радовиш и во Берово, а на функциите се назначени судиите Костадин Петров, односно Емилија Буриќ. Од Судскиот совет […]

Страна 1 од 2