понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Титаник 2 | 18 резултати

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

26 декември 2022

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности […]

Мијалков не беше спроведен на судењето за „Титаник 2“, барањето за спроведување било со згрешен датум

22 декември 2022

Комбето кое денес требаше да го однесе Сашо Мијалков утринава во Основниот Кривичен суд Скопје за продолжението на судскиот процес „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија не се појави во струшкиот затвор. Судот тврди дека била испратена покана за денешното продолжение на судскиот процес, а директорот на затворот во Струга, Ваљон […]

Врховен суд го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ – тој останува дома поради „Титаник 2“

29 март 2019

Врховниот суд денеска донесе одлука да ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари. Сепак и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди […]

Сашо Мијалков доби три години затвор, Мендух Тачи три години и два месеци

8 март 2019

Шест лица денеска добија затворски казни од Судот во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, за направени изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Најголема казна, од четири и пол години, доби поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими. Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи доби казна затвор […]

Мијалков денеска првпат излегува од „Шутка“

27 ноември 2018

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска, првпат откако е притворен пред девет дена, ќе излезе од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. Треба да биде спроведен на судењето за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 2. Тој во Кривичниот суд требаше да има судење и минатата седмица, и тоа […]

Дума во „Титаник 2“: Ибраими ми рече „шефот ме бара“, потоа гласаше како членовите од ВМРО-ДПМНЕ

27 август 2018

На судењето за предметот „Титаник 2″, прва сведочеше поранешната членка на Државната изборна комисија, Виолета Дума. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи ја праша Дума дали се сеќава на седницата на ДИК, за приговорот за гласачкото место 1727 во општина Струмица, за локалните избори 2013 година. – Дали видовте дека некој за време на седницата да […]

Нови рочишта за „Титаник 2″ и за упадот во Собранието на 27 април

27 август 2018

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за упадот во Собранието од 27 април минатата година. На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета […]

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 6 јули

22 мај 2018

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори, на 6 јули ќе продолжи судењето по предметот „Титаник 2“, во кој денеска одбраната даде воведни зборови. Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета […]

Судењето за „Титаник 2“ одложено – Тачи и Ибраими го побараа обвинението на албански

10 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1, денеска почна, па набргу беше прекинато, рочиштето од случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Титаник 2“, во кој за бројни нерегуларности на локалните избори во 2013 година се обвинети претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и поранешен […]

Мијалков ја кажа и втората адреса, судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај

24 април 2018

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беа на првото рочиште за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 1. Следното рочиште е закажано за 10 мај. Во врска со […]

Утре започнува судењето за „Титаник 2“, ќе им се суди на Мијалков, Тачи и членови на ДИК

23 април 2018

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ за изборни нерегуларности ќе започне утре и на обвинителна клупа ќе седнат лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски. На судиите од управниот суд Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, […]

Почнува судењето „Титаник 3“ за функционери на ДУИ

16 март 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето на случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“ за изборни нерегуларности. Овој случај е првиот на СЈО во кој се обвинети функционери на ДУИ – Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО ги товари за уништување изборен материјал. Во истиот суд денеска ќе продолжи судењето за случајот […]

Прифатено обвинението за „Титаник 2“, на обвинителна клупа Мијалков и Тачи

7 декември 2017

Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“, во врска со изборни нерегуларности. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, членот на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими […]

Апелација денеска ќе ја соопшти одлуката дали „бомбите“ за „Титаник 2“ ќе станат докази

22 ноември 2017

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ја соопшти одлуката дали „бомбите“ ќе се користат како докази во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изборни нерегуларности „Титаник 2“. На јавна седница во скопскиот Апелациски суд, СЈО ги изнесуваше своите аргументи зошто снимките од прислушуваните разговори треба да бидат вклучени како докази во „Титаник 2“. Станува […]

Страна 1 од 1