петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: јавна седница | 32 резултати

Апелација на роденденот на Груевски решава за пресудата за „Тенк“

31 август 2018

Во Апелациски суд – Скопје за денеска е закажана јавна седница по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата од две години затвор во случајот „Тенк”, за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес”. Инаку, на Груевски денеска му е роденден – полни 48 години. Јавна седница требаше да се одржува вчера, но Груевски и неговиот […]

Апелација ќе ја разгледува жалбата на Василевски за притворот за 27 април

12 јануари 2018

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје денеска ќе ја разгледува жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Јавната седница на која ќе се разгледува жалбата е закажана во 12.30 часот. Кривичниот суд во Скопје на 27 декември, минатата година на Василевски, Крсто Мукоски и […]

Владо Јовановски и уште тројца од 27 април бараат јавни седници за жалбите за притворите

4 јануари 2018

Актерот Владо Јовановски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски од шестата управа и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање побарале Апелацискиот суд на јавна седница да ги разгледува нивните жалби за продолжувањето на притворот. Од Апелација потврдија дека кај нив стигнале осумте жалби и дека се испратени на одговор во […]

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

27 ноември 2017

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа […]

Укинување на пресудите и ново судење за случајот „Монструм“, бара Обвинителството

3 октомври 2017

Јавната обвинителка Лилјана Спасоска на денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд побара укинување пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и враќање на предметот на повторно судење. Врховниот суд на јавна седница денеска ги разгледуваше жалбите на шесттемина осудени за доживотните затворски казни што им ги одреди Основниот суд Скопје 1, а […]

Врховниот суд повторно ја одложи јавната седница за „Монструм“

12 септември 2017

Врховниот суд денеска по четврти пат ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, бидејќи полицијата не можела да донесе едно од осудените лица од затвор. Јавната седница, на која треба да бидат разгледувани и да се одлучува по жалбите на шесттемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, овојпат е презакажана […]

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

24 јули 2017

Во Апелациски суд – Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна и јавна седница за договорот со Бугарија

20 јули 2017

Пратениците од Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за свикување итна и отворена за јавноста седница на Собранието на Република Македонија, за разгледување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски, на прес-конференција во Собранието. Барањето, како што рече Милошоски, доаѓа по денешната изјава на министерката […]

Врховниот суд закажа јавна седница за „Монструм“ за 29 јуни

21 јуни 2017

Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала […]

Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил болен

8 јуни 2017

Јавната седница на Врховниот суд на која треба да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, а која беше закажана за утре, повторно е одложена, овојпат на барање на еден од адвокатите, кој бил болен. Претходно седницата требаше да се одржи на 30 мај, но петчлениот Кривичен совет на Врховниот […]

Вангеловски ја одложи седницата за „Монструм“, ОЈО бара нови докази од СЈО

30 мај 2017

Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, ја одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени во случајот „Монструм“, поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од осудените. Вангеловски седницата ја презакажа за 9 јуни, во 11 часот, а таа, како што […]

Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

30 мај 2017

Врховниот суд на Република Македонија денеска на јавна седница треба да одлучува по жалбата на шестемина осудени во случајот „Монструм“, кои добија доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро пред пет години. Седницата е закажан во 11 часот, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Инаку, највисокиот суд во земјава […]

Апелација го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство

16 март 2017

Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е потврдено „по однос на околноста опасност од бегство“. Како што информираат од судот, по вчерашната јавна седница, […]

Апелација утре на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

14 март 2017

Апелацискиот суд утре, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Вчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по […]

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

15 декември 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во […]

Антикорупциска отвори четири случаи за вработувања пред изборите

7 декември 2016

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на јавна седница отвори постапки за четири случаи на противзаконски вработувања во јавни институции и претпријатија во предизборниот период. Претставките до антикорупциска ги поднесе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а од вкупно пет, ДКСК не ја прифати претставката што се однесуваше за вработувањето на информатички администратор во самата комисија. […]

Апелацискиот суд Скопје им ги намали затворските казни на осудените во „Шпион“

14 октомври 2016

Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која им ги намали првостепено досудените затворски казни на обвинетите во случајот „Шпион“, а на дел им одреди условни казни. Второстепениот суд делумно ги прифатил жалбите на 17 од обвинетите во случајот и ја преиначил пресудата во делот на казните, додека за еден, Ѓеорги Хаџи-Мицев, Апелација го вратила предметот […]

За притворениот Талески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска се „некои двајца луѓе“

18 август 2016

„Некои двајца луѓе“. Вака денеска битолскиот градоначалник, Владимир Талески ги нарече поранешните министри за финансии и за внатрешни работи и негови сопартијци, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, кои во еден од прислушуваните разговори зборуваат за случајот со превозот на ученици во Битола и „скандалот“ што го направил градоначалникот. – Ќе повторам дека не може од […]

Талески се чувствувал „супериорно“ и потпишувал документи од притвор

18 август 2016

Немам сторено никакво кривично дело, не се чувствувам виновен и сметам дека не е коректно врз основа на еден телефонски разговор што го водат „некои двајца луѓе“ да се прават вакви конструкции. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“ по јавната седница во Апелацискиот суд, во врска со […]

Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

18 август 2016

Осомничениот градоначалник на Битола, Владимир Талески во придружба на полиција дојде на денешната јавна седница на Апелацискиот суд. Од Специјалното јавно обвинителство во судот е присутен обвинителот Трајче Пеливанов, а од одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Војо Тасевски. На денешната седница во Апелациониот суд ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на Талески. […]

Страна 1 од 2