fbpx

Флекенштајн: Албанија и ЕУ може да ги почнат преговорите за членство по изборите во јуни

-

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со 52 гласа „за“, шест „против“ и со четири „воздржани“ ја усвои предлог-резолуцијата за Албанија поднесена од европратеникот Кнут Флекенштајн.

Известувачот за Албанија на Европскиот парламент, Флекенштајн, во образложението на резолуцијата повторно нагласи дека имплементацијата на судските реформи е од суштинско значење за напредокот на земјата.

„Минатото лето албанскиот парламент со консензус ги усвои уставните амандмани, отворајќи го со тоа патот за амбициозната и сеопфатна реформа на правосудството, како најважна точка во реформскиот процес на земјата околу членството во ЕУ. Мојата резолуција препорачува отворање на пристапните преговори на Европска Унија со Албанија со почетокот на имплементацијата на оваа важна реформа. Важно е Албанија да го задржи актуелното темпо на реформи, а ние мораме да бидеме подготвени да ја поддржиме во тој процес“, рече Флекенштајн.

Во врска со отворањето на пристапните преговори со ЕУ, Флекенштајн рече дека тоа може да се случи по изборите во Албанија закажани за јуни оваа година.

„Како што претходно нотиравме, ако реформите во правосудството почнат да се имплементираат веднаш по јунските избори, мислам дека ќе има отворање на преговорите“, истакна Флекенштајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.