четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Основен суд Скопје 1 | 207 резултати

Продолжува судењето против „Република“ за жигосување и злоупотреба на лични податоци на активистите

25 октомври 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска со почеток во 13 часот ќе продолжи судењето против Доне Доневски и Друштвото за новинско издавачка дејност Прва Република – ДООЕЛ, односно издавачот на магазинот и веб-страницата „Република“. Тужителите, истакнати професори, новинари, аналитичари и граѓански активисти, ја обвинуваат „Република“ и непознати лица вработени во Управата за јавни приходи дека […]

Груевски наскоро ќе добие упат за затвор, пресудата од Апелација стаса во Кривичен суд

19 октомври 2018

Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска соопшти дека ја добиле второстепената пресуда од Апелациски суд Скопје за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“ вреден речиси 600.000 евра. Од судот велат дека пресудата од Апелација ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да […]

Кривичен суд одговори на обвинувањата од адвокатите и Катица Јанева

30 август 2018

Основниот суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска одговори на обвинувањата од адвокатите на обвинетите во судските процеси во кои обвинението го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и на вчера кажаната критика од специјалната обвинителка Катица Јанева дека не се закажуваат доволно рочишта за овие предмети. Адвокатите се бунеа дека многу често […]

Во судовите функционирал двоен АКМИС – рачен и компјутерски

13 јули 2018

Извештајот за користењето на информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС) открива дека тој во голема мерка не функционирал, како и дека повторно во движењето на предметите решавал човечкиот фактор, открива извештајот на Работната група формирана од Министерството за правда. Актуелната министерка Рената Дескоска го објави извештајот на групата вчера и од него се […]

Судењето за „Монструм“ одложено поради немање технички услови

5 јули 2018

Денешното рочиште за случајот „Монструм“, за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот од Црешево на Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска беше одложено. Како што кажа судијата Огнен Ставрев, нема технички услови да биде сослушан загрозениот сведок Е1, па следното рочиште го закажа за 11 јули. Ако има соодветни услови сведочењето […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го „приватизира“ правосудството

9 мај 2018

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта ја продолжува партизацијата на судството, што, како што вели, го признал и премиерот Зоран Заев. „Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев. Цената на послушноста ја откри самиот Заев. Шефот за човечки ресурси во Основен суд Скопје 1, кој е и десна рака […]

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

27 април 2018

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. […]

Судење за „Тенк“ денеска, Јанкулоска поради ризичната бременост издвоена

20 април 2018

Во Основен суд Скопје 1 за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“, во кој за малверзации околу набавката на близу до 600.000 евра скапиот блиндиран „мерцедес“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. […]

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

17 април 2018

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една […]

Продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

16 април 2018

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога беше градоначалник на Струмица, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ). Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види […]

Џафери во суд: Извикуваа дека сите ќе нè убијат

10 април 2018

Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Кривичниот суд каде сведочеше за жестокиот напад врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во упадот во Собрранието на 27 април минатата година. На денешната главна расправа, Џафери е првиот сведок. На почетокот на […]

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

3 април 2018

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на […]

Со „Титаник“ в понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје 1

30 март 2018

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ, извести претседателот на судот, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите. Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети. Официјалното пуштање во употреба ќе се случи […]

Одложено судењето на Драган Павловиќ – Латас, одбраната вели дека е во Германија

30 март 2018

Новото рочиште за случајот на СЈО, „Тотал“ денеска се одложи, оти главниот обвинет, новинарот Драган Павловиќ Латас не се појави во Кривичниот суд. Наредното рочиште е закажано за 11 април. Како што објаснија адвокатите, Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да […]

Во Кривичен суд денеска судења за „Насилство во Општина Центар“, „Тврдина“ и „Таргет“

27 март 2018

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат две судски рочишта за три случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет. Во случаите за нелегалното преслушување, „Таргет“ и за уништување на опремата на прислушувањето, „Тврдина“, обвинети се 12 лица. Први се […]

Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

26 март 2018

Иван Николов Сачевалиев, главниот сведок во случајот „Поткуп“ против Зоран Заев на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 сведочеше дека кога одел кај поранешниот градоначалник на Струмица опремен со камери, го наведувал обвинетиот Заев да изговара реченици за потребите на МВР и Обвинителството за организиран криминал, известува „СДК“. – Обвинетиот го снимав на закажаната […]

На „Поткуп“ денеска нема да се објави целата снимка, Сачевалиев тврди дека Заев барал едно евро и за СДСМ

26 март 2018

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое се одржува во Основен суд Скопје 1, сепак, нема да се прикаже целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината е што Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи сака да се жали за неа на повисок суд. […]

Во Кривичен суд денеска ќе се гледа целата снимка за „Поткуп“

26 март 2018

Во судењето за случајот „Поткуп“, во кое актуелниот премиер Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Општина Струмица барал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Сачевалиев, на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 ќе се прикаже целата снимка, на која и се темели случајот. На досегашните рочишта, Заев тврдеше дека снимката е нецелосна и […]

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

21 март 2018

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер […]

Почнува судењето „Титаник 3“ за функционери на ДУИ

16 март 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето на случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“ за изборни нерегуларности. Овој случај е првиот на СЈО во кој се обвинети функционери на ДУИ – Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО ги товари за уништување изборен материјал. Во истиот суд денеска ќе продолжи судењето за случајот […]

Страна 1 од 11