вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоран Верушевски | 32 резултати

Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе го образложува повлекувањето на „Пуч“

февруари 14, 2017

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвинители ќе одговара на прашањата на Советот за одлуката на СЈО да го повлече обвинението за предметот „Пуч“. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски за „Телевизија 24“ потврдил дека Јанева е повикана да ги образложи причините зошто СЈО се откажа […]

СЈО ќе му ги достави документите за „Пуч“ на Советот на јавни обвинители

февруари 1, 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе одговори на барањето и на Советот на јавни обвинители во најкраток можен рок ќе му ги достави списите и документацијата од предметот „Пуч“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека станува збор за обемна документација, чија подготовка за доставување била во тек. „По однос на барањето на Советот на […]

Костовски: Заев е виновен за „Пуч“, има цврсти докази против него

јануари 28, 2017

Зоран Заев знае дека е виновен за случајот „Пуч“ и има цврсти докази против него и против Зоран Верушевски, и затоа втора недела молчи за аболицијата што му ја подари Катица Јанева, исто како што молчеше и за случајот „Глобал“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека „со оваа одлука СЈО и Катица […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

јануари 20, 2017

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на […]

Милошоски: Со одлуката на Јанева за аболиција на Заев нема причина за постоење на СЈО

јануари 19, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагира на одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), објавена вчера, за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“. Членот на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски, на прес-конференција истакна дека СЈО нема никаков „професионален ниту институционален легитимитет“ и дека е „само политички инструмент и продолжена рака“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. – […]

Вељаноски: СЈО со одлуката за „Пуч“ потврди дека е партиски разгранок на СДСМ

јануари 18, 2017

Со денешната одлука за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“, СЈО потврди е партиски разгранок на СДСМ/Сорос, изјави денеска на прес-конференција актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека Јанева „не е обвинител кој работи независно туку по наредбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на нарачателите од странство“. […]

Денеска нов обид за почеток на судењето за случајот „Пуч“

ноември 1, 2016

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи рочиште од судскиот процес за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски. Тие се товарат за шпионажа, неовластено прислушување и за насилство врз претставници на највисоките државни органи. […]

Заев и Верушевски дојдоа на рочиштето за „Пуч“

септември 16, 2016

Обивинетите во случајот „Пуч“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, и неговата сопруга Соња Верушевска, утринава пристигнаа во Основен суд Скопје 1. На рочиштето се очекува да пристигне и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која вчера го најави своето присуство во судот. Последното рочиште од овој […]

Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

јуни 25, 2016

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дадена во дел од интервјуто за „Дневник“. „Хорхе во „Дневник“ ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја […]

Иванов: Системот на разузнавачките служби беше тектонски нарушен од Верушевски

јуни 25, 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во интервју за „Дневник“ повторно директно ги нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинувајќи го дека е креатор на политичката криза, и Специјалното јавно обвинителство, за кое вели дека постапува селективно. Иванов повторно го повикува Заев „да собере храброст“ и да побара да му биде повлечена аболицијата за случајот „Глобал“ […]

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

јуни 15, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. […]

Јанева очекува согласност од Аневски за да го преземе случајот „Маѓар Телеком“

март 28, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на оваа недела ќе го преземе и случајот „Маѓар Телеком“, во кој поранешни високи државни функционери се осомничени дека примиле поткуп за да не дозволат влез на трет мобилен оператор во земјава пред десетина години. „Маѓар Телеком“ еден од предметите кои Јавното обвинителство […]

„Пуч“ презакажан за 3 мај, Јанева го обвини судот за опструкција

март 2, 2016

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, смета дека не се исполнети условите за одржување главна расправа од судот. Јанева наведе дека на рочиштата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот „Пуч“. Иако пред новинарите не го кажа сведокот со име и со презиме, јасно е дека станува […]

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд

февруари 24, 2016

Социјалдемократскиот сојуз денеска во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката на Уставниот суд, велат од владејачката партија и додаваат дека нивните сомнежи се дека токму СДСМ „има најголем интерес за една ваква одлука“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие и покрај противењето на СДСМ во 2009 […]

Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

февруари 17, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство. Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева […]

Денеска им е годишнина: Груевски ги врати во игра „странските служби и држави“

јануари 31, 2016

Денеска е точно една година откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и доскорешен премиер, Никола Груевски, во обраќање кон нацијата (на 31 јануари 2015 година) обзнани дека странска разузнавачка служба е вмешана во обидот за преврат во земјава. Сега, повторно тој, во говорот пред унијата на жени на партијата, по неколкумесечно затишје, ги извади од фиока и […]

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

декември 31, 2015

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на […]

Судот им го укина притворот на Верушевски и на Лазаревски

декември 29, 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укинал притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Судот ја прифатил предложнета гаранција, како и предлогот на Специјалното обвинителство да им се забрани напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје, и привремено да им се одземат патните […]

Верушевски ноќта ја минал во притвор, денеска можеби ќе си оди дома

декември 29, 2015

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“, ноќта ја минал во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, тврдат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на обвинетите. На нашето прашање каде е Верушевски во моментов, од судот велат дека тој се наоѓа во притвор во […]

Основен суд Скопје: Не е коректно да се објавуваат непотврдени информации за Верушевски

декември 28, 2015

Основен суд Скопје 1 ги демантираше објавувањата во дел од медиумите дека Кривичниот совет го укинал притворот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“. „Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека не е коректно од посочените медиуми да објавуваат непотврдени информации поврзани со конкретна одлука […]

Страна 1 од 2