fbpx

Столтенберг ја повика Турција целосно да ја почитува правната држава

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Турција целосно да ја почитува правната држава, по новиот бран апсења во земјата поврзани со обидот за пуч извршен минатата година во јули.

– Сигурно дека Турција има право да се брани и да ги гони тие што стојат зад обидот за државен удар, но тоа мора да го прави со целосно почитување на правната држава – рече Столтенберг на Малда пред почетокот на самитот на ЕУ.

Во Турција вчера беа уапсени повеќе од 1.000 лица кои се осомничени за поддршка на имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот пуч.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...