Во Турција обвинети се уште 2.756 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички групи, соопштија денеска турските власти.

Владата на Турција соопшти дека меѓу обвинетите се 637 припадници на војската, 360 припадници на жандармеријата, 150 професори и други припадници на академската заедница.

По минатогодишниот обид за државен удар во Турција, околу 50.000 лица се уапсени, а повеќе од 110.000 државни службеници се обвинети поради наводна поврзаност со терористички групи или со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кого турските власти го обвинуваат за организација на пучот.