fbpx
Таг: пуч

таг: пуч

Бајден: Ќе соработуваме околу Ѓулен, но ќе ги запазиме стандардите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во Анкара изјави дека Американците ќе соработуваат со Турција во оценувањето на доказите против Фетулах Ѓулен. Бајден истакна дека притоа мора да бидат исполнети правните стандарди. Американскиот потпретседател рече дека САД немаат интерес да штитат кого било што им наштетил на нивните сојузници и додаде дека Вашингтон по неуспешниот обид за пуч ѝ понудил на Анкара непоколеблива...

Отпуштени уште 2.800 судии и обвинители во Турција

Турските власти им доделија откази на повеќе од 2.800 судии и обвинители поради поврзаност со неуспешниот државен удар. Според податоците на „Си-ен-ен Турк“, досега вкупно 80.000 вработени во јавните служби, управите, полицијата и во судовите се отпуштени под обвинение дека се следбеници на Фетулах Ѓулен. Владата во Анкара објави дека следбениците на Ѓулен со години се „вовлекуваат во структурите за да...

Турција по пучот отповикала или суспендирала 332 дипломати

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека од неуспешниот пуч на 15 јули досега, отповикани или суспендирани се 332 службеници од министерството за надворешни работи. Откази им се доделени на 89 дипломати. Чавушоглу рече дека од тие што се отповикани, власта сè уште трага по 31 дипломат. Околу 80.000 вработени во полицијата, војската, правосудството и во јавните служби во Турција се сменети...

Турција ослободува 38.000 затвореници за да направи простор за пучистите

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг денеска соопшти дека владата издала декрет со кој се предвидува околу 38 000 затвореници да бидат ослободени под посебен надзор с. Странските медиуми јавуваат дека со декретот треба да се подиспразнат преполните турски затвори, во кои допрва треба да се сместат десетици илјади лица кои се товарат за поврзаност со неуспешниот државен удар, извршен...

Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули. - Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот со соборувањето на авионот,...

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите, што е негов најостар напад од обидот за воен удар во земјата. - За жал, Западот го поддржува тероризмот и се става на страната на пучистите. Тие што ги сметаме за пријатели, држат страна на терористите - рече Ердоган во говорот на Економскиот форум во Анкара, реагирајќи...

Ердоган со декрет ја стави војската под своја контрола

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша нов претседателски декрет за воведување промени во армијата, по неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули. Декретот им дава овластувања на претседателот и на премиерот да им дадат директни наредби на командантите на армија, воздухопловните сили и на морнарица. Покрај тоа, со претседателскиот декрет се затвораат неколку воени училишта, се воспоставува нов универзитет...

Судот ослободи 758 регрути уапсени по пучот во Турција

Истанбулскиот суд денеска ослободи 758 од 989 регрути, кои беа уапсени при истрагата за неуспешниот воен удар извршен на 15 јули во Турција. Откако дале изјави, Главното републичко обвинителство во Истанбул побара ослободување на овие регрути кои веќе дале изјави, а судот оцени дека нема потреба и понатаму да бидат во притвор затоа што не претставуваат опасност. Меѓу ослободените се...

Турција: Новинари изведени пред судот во Истанбул

Дваесет и еден новинар денеска се појавиja пред турскиот суд откако беа уапсени по неуспешниот воен удар, изведен на 15 јули. Истовремено, mинистерството за односи со ЕУ суспендираше неколку свои вработени. Телевизиските снимки прикажале снимка од внесувањето на новинарите во судница во Истанбул. Тие се меѓу 42 истакнати новинари за кои е издаде налог за апсење во понеделникот. Во Турција на сила...

Во Турција затворени стотина медиуми

Турските власти затворија 130 медиумски куќи, вклучувајќи три новински агенции, 16 телевизиски станици, 23 радио-станици и 45 дневни весници. Во војската отпуштени се вкупно 726 официри и 1.684 војници, а двајца турски генерали од висок ранг поднесоа оставка. Двајцата турски генерали од висок ранг денеска поднесоа оставка по масовното отпуштање во војската, јавува „Си-ен-ен Турк“. Како што се наведува, станува збор за...

Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција

Грчката служба за азил ги одложи за неколку недели интервјуата за азил за осумте турски војници што избегаа од Турција и слетаа во Александруполи по воениот удар против турскиот претседател. Денеска, пред службата се појавија првите двајца војници што требаше да имаат интервју и во придружба на адвокат побараа одложување за подобро да ги подготват своите искази за интервјуто за азил....

Бајден ѝ порача нa Турција да ги гони пучистите согласно законот

Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повикал Турција да ги гони пучистите во согласност со владеењето на законот, соопшти Белата куќа. - Бајден изрази одлучна поддршка на турската демократија и ја поздрави посветеноста на турскиот народ на демократските институции – се вели во соопштението, а пренесуваат светските медиуми. Во него се додава дека американскиот потпретседател...

Почнува судењето на турските војници во Александруполи

Денеска напладне почнува судењето на осумте турски војници кои слетаа во Грција по обидот за воен удар во Турција. Војниците се обвинети за нелегален влез во државата и за нелегален лет над грчкиот воздушен простор. Доколку судот одлучи да ги осуди, тие ќе бидат префрлени во затвор, каде ќе останат да ја чекаат одлуката од паралелниот процес кој се води...

Турција ја притиска Грција да ги врати војниците од Александруполи

Турција го заострува притисокот кон Грција за побрзо екстрадирање на турските војници од Александруполи. Турскиот амбасадор во Атина, Керим Урас, на брифинг со грчките новинари во турската амбасада се закани дека грчко-турските односи ќе се влошат доколку Грција не ги врати војниците, за кои турските власти сметаат дека биле дел од воениот удар против турскиот претседател. Ваквата изјава и закана...

„Викиликс“ објави околу 300.000 документи од турската владејачка партија

„Викиликс“, и покрај вчерашниот голем хакерски напад, вечерва објави околу 300.000 електронски пораки од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок. Околу 294.548 електронски пораки од партијата на претседателот Реџеп Таип Редоган беа вечерва објавени. - „Викиликс“ го...

Кери: Пучот во Турција може да го загрози членството на земјата во НАТО

Турција би можела да „падне“ на барањето на НАТО да се почитува демократија ако не успее да го одржи владеењето на правото по обидот за државен удар, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери. Кери на заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека НАТО ќе ја набљудува Турција во наредните...

Уапсени 7.543 лица поради обидот за пуч во Турција

Вкупно 7.543 лица досега се уапсени, меѓу кои 6.038 војници, под сомневање за поврзаност со обидот за државен удар во Турција, изјави денеска турскиот премиер, Бинали Јилдирим. Турскиот премиер рече дека при обидот за пуч се убиени 208 лица, а 1.500 се ранети. Јилдирим истакна дека турските власти, при „расчистувањето на сметките“ со извршителите на пучот, ќе дејствуваат во рамките на...

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ што го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот. Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили, ќе бидат продолжени во сите редови...

Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната држава

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц, повика на трезвеност на властите во Турција и укажа дека обидот за пуч не претставува бланко овластување за произволност. - Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата мора да се почитуваат - порача Курц. Тој посебно му се обрати на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека овој пуч не смее да...

Путин му изрази сочувство на Ердоган

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна, соопшти официјален Кремљ. „Сочувство поради многубројните жртви помеѓу цивилите и припадниците на органите за јавниот ред кои им се спротивставија на пучистите, како и желба за што побргу да дојде до обновување на стабилноста во Турција, му изрази претседателот Владимир Путин на...

Порталб анализа: Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

„Се нуди плата од 800 до 1000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна...