fbpx

Бајден: Ќе соработуваме околу Ѓулен, но ќе ги запазиме стандардите

-

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во Анкара изјави дека Американците ќе соработуваат со Турција во оценувањето на доказите против Фетулах Ѓулен. Бајден истакна дека притоа мора да бидат исполнети правните стандарди.

Американскиот потпретседател рече дека САД немаат интерес да штитат кого било што им наштетил на нивните сојузници и додаде дека Вашингтон по неуспешниот обид за пуч ѝ понудил на Анкара непоколеблива поддршка.

Како што рече Бајден, САД соработуваат со Турција во добивањето дополнителни информации за Ѓулен, муслиманскиот свештеник кој властите во Анкара го обвинуваат дека стои зад неуспешниот пуч на 15 јули и од САД бараат негова екстрадиција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ќе се сретне со Бајден во текот на неговата посета, претходно изјави дека Анкара ќе продолжи на американските власти да им обезбедува документи што го поддржуваат нивното барање за испорачување на Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...