fbpx

Турција уапси тројца поранешни дипломати

-

Судот во Анкара одреди притвор за тројца поранешни високи дипломати, вклучувајќи го и советникот на поранешниот претседател и премиер, Абдула Ѓул.

Тие се притворени поради поврзаност со обидот за пуч на 15 јули и поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на пучот.

Притвор им е одреден на Ѓурчан Балик, Алија Финдик и на Тунџај Бабали.

Балик му бил советник за надворешна политика на Абдула Ѓул, кој беше претседател на Турција од 2007 до 2014 година, пред должноста да му ја предаде на Реџеп Таип Ердоган. Тој, исто така, му бил советник и на поранешниот премиер Ахмет Давутоглу.

Бабали бил амбасадор во Канада, а Финдик бил амбасадор во Коста Рика.

Министерството за надворешни работи отпушти 88 лица поврзани со пучот, а вкупно во јавниот сектор откази добиле речиси 70.000 службеници, од кои половината вработени во образованието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...