fbpx

Почнува судењето на турските војници во Александруполи

-

Денеска напладне почнува судењето на осумте турски војници кои слетаа во Грција по обидот за воен удар во Турција. Војниците се обвинети за нелегален влез во државата и за нелегален лет над грчкиот воздушен простор.

Доколку судот одлучи да ги осуди, тие ќе бидат префрлени во затвор, каде ќе останат да ја чекаат одлуката од паралелниот процес кој се води за нив односно процедурата за азил.

Турските војници само што слетаа во Александруполи во саботата со турски воен хеликоптер побараа азил во Грција. Тврдат дека не знаеле дека учествуваат во воен удар и само извршувале наредби за пренесување повредени кога биле нападнати од турската полиција, поради што одлучиле да избегаат од државата. Стравуваат и за своите и за животите на нивните семејства.

Нивните интервјуа за азил ќе почнат в среда и се очекува да завршат до 1 август. Потоа ќе почне процесот за разгледување на барањата за да се утврди дали Грција ќе им дозволи право на азил.

Војниците вчера поради безбедносни причини во најголема тајност биле префрлени од затворот во Александруполи во затворот во Кавала, од каде денеска ќе бидат пренесени назад во судот во Александруполи.

Во Грција се појавија информации дека војниците пред да слетаат во Грција се ослободиле од целото оружје што го имале во хеликоптерот. Нивната адвокатка тврди дека немало оружје, но дека војниците признале дека фрлиле електронски удред од хеликоптерот во кој има воени мапи за тој да не падне во грчки раце.

Ситуацијата е комплексна за грчката влада, која се наоѓа под силен притисок на турските власти за побрза екстрадиција на војниците назад во Турција.

Процесот за азил, според вообичаената практика во Грција, може да трае од два до три месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...