fbpx

„Викиликс“ објави околу 300.000 документи од турската владејачка партија

-

„Викиликс“, и покрај вчерашниот голем хакерски напад, вечерва објави околу 300.000 електронски пораки од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок.

Околу 294.548 електронски пораки од партијата на претседателот Реџеп Таип Редоган беа вечерва објавени.

– „Викиликс“ го помести закажаното објавување на документите како одговор на владините отпуштања по пучот – напиша „Викиликс“.

Свиркачката веб-страница, која истакна дека не е ниту за ниту против владата на Турција, туку во потрага по вистината, наведува дека ги верификувале материјалите и изворите, кои на ниту еден начин не се поврзани со елементите што стојат зад обидот за пуч, ниту со ривалските политички партии или државата.

Веб-страницата наведува дека ова е само првиот дел од илјадниците документи што ги поседуваат и ќе ги објават.

Сите електронски пораки се од „akparti.org.tr“, главниот домеин на главната политичка сила во земјата, а се однесуваат на период од 2010 до 6 јули 2016 година, една недела пред државниот удар.

„Треба да се истакне дека електронските пораки поврзани со домеинот претежно се користени за справување со светот, за разлика од најсензитивните внатрешни работи“, наведува веб-страницата.

Пред објавувањето, „Викиликс“ претрпе „значителен напад“, откако соопшти дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.

Од веб-страницата наведуваат дека нападите продолжуваат и оти интернет-корисниците се соочуваат со тешкотии при пристапувањето кон материјалите. Сепак, „Викиликс“ истакна дека „победуваат“ во борбата со хакерите.

Претходно, непрофитабилната организација побара поддршка од јавноста за споделување на информациите, односно да им помогнат на Турците, преку заобиколување на системот за цензурирање да пристапат до материјалите.

Турските власти, по државниот удар вршат хајка против лицата кои не се нивни истомисленици. Според последните податоци, неколку илјади лица се притворени, а повеќе од 49.000 лица добија откази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...