fbpx

Бајден ѝ порача нa Турција да ги гони пучистите согласно законот

-

Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повикал Турција да ги гони пучистите во согласност со владеењето на законот, соопшти Белата куќа.

– Бајден изрази одлучна поддршка на турската демократија и ја поздрави посветеноста на турскиот народ на демократските институции – се вели во соопштението, а пренесуваат светските медиуми.

Во него се додава дека американскиот потпретседател повикал истрагата за извршителите на обидот за пуч да биде спроведена на начин што ќе ја зајакне довербата на јавноста во демократските институции и во владеењето на законот.

Официјалните лица на Турција соопштија дека бројката на уапсени по пучот во земјата надминала 10.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...