fbpx

Откажани летовите во Чиле и во Аргентина поради вулканот Калбуко

-

Облак чад од вулканот Калбуко на југот на Чиле се шири на остатокот на Чиле и на Аргентина и предизвика откажување на летови од аеродромите во двете земји.

Вулканот Калбуко, чија е последна поголема ерупција била во 1961 година, во атмосферата исфрлил огромен облак од чад и од прашина кој достигнува висина и до 15 километри.

Во последните 24 часа се случиле две ерупции, а вулканот е и понатаму нестабилен и би можело да дојде до нова ерупција, предупредуваат експертите.

Вулканот се наоѓа во близина на популарното туристичко место Пуерто Варас, околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантијаго, но ветерот веќе разнел вулканска пепел и до градот Чијан, 400 километри јужно од Сантијаго, а наскоро облакот би можел да го прекрие и главниот град на Чиле, соопштија од чилеанската метеоролошка служба.

Голем дел од облакот прав веќе се движи преку Андите во соседна Аргентина, а метеоролозите проценуваат дека би можел да стигне сè до провинцијата Буенос Аирес, околу 1.500 километри од вулканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...