fbpx

По неколкунеделни земјотреси, еруптираше вулкан на Исланд

Должината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда, соопшти исландската Метеоролошката канцеларија

-

Вулкан еруптираше на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, по неколку недели интензивни земјотреси. Околу 40.000 лица претходно беа евакуирани од рибарскиот град Гриндавик, а блиската геотермална бања е затворена, пренесува Би-би-си.

Ерупцијата започнала на околу 4 километри северно од градот, вчеравечер околу 22 часот и 17 минути, соопшти исландската Метеоролошка канцеларија. Канцеларијата информираше и дека сеизмичката активност се движи кон градот.

Ерупцијата може да се види и од главниот град Рејкјавик, кој се наоѓа на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Регионот околу главниот град бележи зголемување на земјотресната активност од крајот на октомври.

Должината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда, соопшти Метеоролошката канцеларија. Овие количини се далеку поголеми од претходните ерупции на полуостровот во последните неколку години.

Исландскиот министер за надворешни работи Бјарни Бенедиктсон, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека нема пречки во летовите до и од Исланд и оти меѓународните коридори за летови остануваат отворени.

Исланд со недели е во состојба на висока готовност поради потенцијална ерупција на вулкан, а минатиот месец властите им наредија на луѓето да го напуштат Гриндавик како мерка на претпазливост.

Исландската премиерка Катрин Јакобсдотир рече дека неодамна конструираната одбрана ќе има позитивен ефект. Таа изјави дека нејзините мисли се со локалната заедница и оти се надева на најдоброто и покрај „значајниот настан“.

Претседателот Гудни Јоханесон рече дека главен приоритет е заштитата на животите на луѓето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...