среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ерупција | 17 резултати

Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

11 октомври 2017

Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше првпат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции. Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација. Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога почнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и […]

Голема сончева бура може да ја погоди Земјата утре и задутре

7 септември 2017

Од утре попладне до сабота околу пладне, голем дел од светот би можел да ги почувствува последици од големата соларна ерупција што се случила вчера, алармираше Центарот за вселенска метеоролошка прогноза при американската Национална администрација за океаните и атмосферата. Русија, балтичките републики, Јужна Шведска, Данска, Обединотото Кралство и голем дел од северните држави на САД […]

Кратка ерупција на вулканот на Алјаска

3 јули 2017

Вулкан на Алјаска денеска на кратко еруптираше исфрлајќи пепел до висина од околу 11.000 метри, соопшти денеска американската опсерваторија за надгледување на вулканските активности. Службата навела дека ерупцијата на вулканот се случила по полноќ, на Алеутскиот Архипелаг и траела 16 минути. Вулканот на Богословскиот Остров, околу 1.400 километри југозападно од Енкориџ, периодично испушта пепел од […]

Вулкан на Суматра еруптирал седум пати за 24 часа

6 февруари 2017

Вулкан на планината Синабунг на северот на Суматра вчера еруптирал седум пати. Ветерот носел пепел сè до Берастаги, туристички град на висорамнината Каро, југоисточно од вулканот. На локалното население и на туристите им е речено да носат маски и заштита за очите за да избегнат контакт со вулканската пепел. Околните места во се состојба на […]

Откажани летови во Индонезија поради ерупција на три вулкани

3 август 2016

Ерупција на три вулкани во Индонезија го замати небото над архипелагот, поради што одложени се некои авионски летови. Во изминатите неколку дена еруптираа вулканот Рињани на островот Ламбок, бо близина на Бали, вулканот на планината Синабунг и вулканот Гамалама. Нема повредени во ерупциите, но летовите на некои аеродроми се одложени. Меѓународниот аеродром во Ламбоку и […]

Седум лица загинаа во нова ерупција на вулканот во Индонезија

30 мај 2016

Во ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија загинаа најмалку седум лица од селото Гамбер, четири километри оддалечено од вулканот. Синабунг синоќа исфрлил голема количина на пепел и чад, а потокот создаден од лава ги загрозува животите на луѓето во селата околу вулканот. Првата ерупција во модерната историја на таа локација се случила во 2010 година […]

Седуммина загинати во ерупција на вулкан во западна Индонезија

22 мај 2016

Седум луѓе загинале на западот на Индонезија при ерупција на вулканот Монт Синабунг, кој почнал да исфрла облаци вулканска пепел на висина од три километри, јавува „Би-би-си“. Загинатите работеле на своите фарми во селото Гамбер, кое било прогласено за небезбедна област поради неговата близина до вулканот. Според информациите вулканот и денеска исфрлал пепел што ги […]

Се активирал вулканот Попокатепетл

28 март 2016

Вториот највисок вулкан во Северна Америка, Попокатепетл се активирал, јавуваат светските медиуми. Последната ерупција се случи пред 16 години, кога беа евакуирани 40.000 лица. Попокатепетл во воздух исфрла чад и пепел во висина од две илјади метри.

Јапонија: Еруптира вулкан во близина на нуклеарната електрана „Сендаи“

5 февруари 2016

Јапонскиот вулкан Сакурајима, оддалечен околу 50 километри од нуклеарната електрана „Сендаи“, еруптирал, исфрлајќи пепел два километри во ноќното небо и големи количества лава, но засега нема извештаи за штети во електраната. Поради „експлозивна ерупција“, јапонската метеоролошка агенција објави тревога од највисоко ниво, што значи дека луѓето не смеат да ѝ се приближуваат на планината. – […]

Поради ерупција на вулканот Етна, затворен е аеродромот во Катанија

5 декември 2015

Поради ерупција на вулканот Етна на островот Сицилија, денеска е затворен аеродромот во Катанија, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Ерупцијата на Етна, придружена со исфрлање лава, почна на 3 декември. Специјалистите од италијанскиот институт за геофизика и за вулканологија го опишаа како најмоќнниот од 1999 година. Аеродромот во Катанија работеше во нормален режим, но синоќа […]

Во Еквадор вонредна состојба поради активација на вулкан

16 август 2015

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, прогласи вонредна состојба во земјата поради засилените активности на вулканот Котопакси и како мерка на претпазливост нареди евакуација на повеќе стотици луѓе од селата во близина на вулканот. Вонредната состојба им дава на властите поголемо овластување како и користење на средства од буџетот за реагирање во случај на ерупција на […]

Истовремена ерупција на пет вулкани во Индонезија

23 јули 2015

За еден месец пет вулкани на индонезискиот архипелаг еруптирале речиси истовремено, исфрлајќи големи количества пепел во небото, поради што три аеродроми во Индонезија морале да бидат затворени за сообраќај, јавуваат светските агенции. Вулканот Маунт Рунг на островот Јава почнал да исфрала пепел во висина од 2.000 метри, по татнежите во неговата внатрешност кои траеле неколку […]

Еруптираше вулкан во Чиле

23 април 2015

Вулканот Калбуко во јужниот дел на Чиле еруптираше првпат во последните 40 години, исфрлувајќи неколку километри во воздух пепел и чад, јавуваат локалните медиуми. Чилеанскиот центар за итни ситуации прогласи црвена тревога по ерупцијата на вулканот околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантијаго. Вулканот е во близина на туристичкото одморалиште Пуерта Вараса и евакуирани се […]

Страна 1 од 1