ОДАС: Одбиени амандманите за средношколците и студентите

Нивните предлози, како што велат од ОДАС, на седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието биле одбиени од страна на претставник на Владата и за нив пратениците од владејачката коалиција гласале против

фото: ОДАС - Фејсбук

Организицијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска соопшти оти до сите пратенички групи во Собранието поднеле амандмани на Буџетот за 2024 година кои се однесуваат на младите, средношколците и студентите.

Нивните предлози, како што велат од ОДАС, на седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието биле одбиени од страна на претставник на Владата и за нив пратениците од владејачката коалиција гласале против.

Меѓу предлозите што ги дале од ОДАС, а кои организацијата ги сподели со медиумите, се барања за зголемување на буџетските средства за реконструкција на ученичките домови, за поттикнување на вработување на младите, за доделување на стипендии на студентите и учениците во средните училишта, како и за промовирање и спроведување мерки за платена пракса.