вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: амандмани | 105 резултати

ОДАС: Одбиени амандманите за средношколците и студентите

19 декември 2023

Организицијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска соопшти оти до сите пратенички групи во Собранието поднеле амандмани на Буџетот за 2024 година кои се однесуваат на младите, средношколците и студентите. Нивните предлози, како што велат од ОДАС, на седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието биле одбиени од страна […]

ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани ќе го блокира идниот буџет на Општина Карпош

12 декември 2023

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на општина Карпош. Ова денеска го најави Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош. Од партијата сметаат дека на овој начин ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални […]

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

13 април 2023

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува […]

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

11 април 2023

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни […]

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

20 март 2023

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите за платите во судството и обвинителството ги поднесе поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски уште во декември лани. Законите се најдоа на дневен ред на седницата […]

Не е прифатен ниту еден амандман на Законот за инспекциски надзор во животната средина

15 април 2022

Ниту еден од предложените 23 амандмани на Предлог-Законот за инспекциски надзор во животната средина, предложени од Граѓанскиот инспекциски совет и на Алијансата „Разбистри сè“, не е прифатен. Меѓу другите, дел од законот нема да станат и барањата инспекторите да имаат опрема и да вршат индикативни мерења на загадувачките супстанции, пасивно да дежураат за викенд и […]

Вистиномер: Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

29 декември 2021

Во продолжение пренесуваме текст на „Вистиномер“ кој ја анализира вистинитоста на изјавата на пратеничка од СДСМ во однос на гласањето за прогласување на недела за ден на неделен одмор: На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела […]

Усвојувањето на буџетот за 2022 година пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани

15 ноември 2021

Пратениците денеска ја започнаа расправата во Собранието за предлог-државниот буџет за 2022 година. Вкупните приходи догодина се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 проценти повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од […]

За да се спречи блокада со амандмани, Законот за попис ќе оди во Собранието по скратена постапка

30 март 2021

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција посочи дека ќе предложи до Владата измените на законот со кој ќе се одложи пописот да се испрати до Собранието со европски знаменце и по скратена постапка со што нема да има можност за блокада на неговото донесување со амандмани. „Измените во законот за попис се мали […]

Алијанса за Албанците и Алтернатива со 19.500 амандмани дополнително го блокираа Собранието

19 март 2021

Блокадата на работењето на македонскиот парламент продолжува. Албанската опозиција предводена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесе над 19.500 амандмани на 10 предлог-закони што се најдоа денеска на расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со ова, бројот на блокирани закони во Собранието порасна на 20, за што од албанската опозициска коалиција се поднесени […]

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

11 декември 2020

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот […]

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

3 декември 2020

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а […]

Средбата на партиите за Законот за јавно обвинителство нема да се одржи

3 февруари 2020

И покрај тоа што беше закажана, заедничка средба на партиите денеска за Законот за јавно обвинителство нема да има, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не дава амандмани и нема да учествува. Министерката за правда Рената Дескоска ќе има средби само со тие партии што дале амандмани. Најдоцна до задутре, Законот за ЈО ќе биде поднесен во Собрание, за […]

Партиите до утре на пладне треба да достават амандмани за Законот за јавно обвинителство

31 јануари 2020

Политичките партии кои имаат забелешки на предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани утре до 12 часот, беше заклучено на денешната средба на работните групи на политичките партии кои разговараа во Собранието. Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека дел од партиите уште на денешната средба доставиле амадмани, дел најавиле дека тоа […]

Комисиската седница за Изборниот законик е откажана, се чека преводот на 5.899 амандмани

18 декември 2019

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи е откажана. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, во Собранието изјави дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени […]

ДУИ поднеле пет од шесте илјади амандамни за измените на Изборниот законик

12 декември 2019

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава, изјави денеска пратеникот на оваа партија, […]

Ангеловска: Амандманите за буџетот да се предлагаат анонимно

5 декември 2019

Министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за буџетот за 2020 предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно да се искористи технологијата и истите да се предлагаат анонимно. На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи доаѓаат од опозицијата, министерката одговори дека единствена основа врз која се […]

Прифатени амандмани на ребалансот на буџетот за проекти за локална инфраструктура

26 септември 2019

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии, Ширет Елези. „Станува збор за два амандмани, едниот предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, а другиот од пратеници од опозицијата, […]

Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

29 август 2019

Над 40 амандмани поднеле политичките партии за Предлог – законот за јавно обвинителство, кој денеска се разгледува на седница на Комисијата за европски прашања. Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, 16 се на СДСМ, 10 се на ДУИ и три на пратеничката Сурија Рашити. Претседателот на Комисијата, Артан Груби даде пауза веднаш […]

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

14 јануари 2019

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила […]

Страна 1 од 6