fbpx

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

Од владата засега нема одговор на тврдењата на опозицијата во однос на предложените измени и дополнувања на осумте закони, со кои треба да се забрза изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“

-

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи. Веќе утре, во Комисијата за економски прашања ќе пристигнат предложените измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, додека комисиската расправа по преостанатите шест закони треба допрва да се закаже.

Од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска најавија дека ќе поднесат амандмани на предложените законски измени и дополнувања.

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција кажа дека пратеници од оваа пратеничка група веќе поднеле два до три амандмани за предложените измени од Законот за работни односи на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална работа.

Поднесување на амандмани најави и Борислав Крмов од Левица, без притоа да го наведе нивниот број што ќе следи за време на комисиската расправа. Исто така, и пратеникот од ВМРО-НП Љупчо Балковски најави дека ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите. Балковски побара власта да го објави договорот со стратешкиот партнер за изградба на Коридорите 8 и 10-д од „Бехтел и Енка“.

„ВМРО Народна партија, бидејќи договорот за изградба не е достапен официјално, истакнува и бара од Владата да го објави договорот или да го презентираат на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност и да објасни дали измените и дополнување на законите се содржани во Договорот како обврска на Владата“, рече Балковски.

Тој побара и појаснување дали ако предложените измени и дополнувања на законите не бидат усвоени од Собранието, Владата ќе треба да плати финансиска отштета на стратешкиот партнер и колкава би била финалната цена на проектот во таков случај.

Од владата засега нема реакција на барањата на опозицијата, вклучувајќи го и вчерашното тврдење на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој изјави дека Владата се обврзала да ѝ плаќа огромни пенали на компанијата „Бехтел и Енка“ доколку работната недела не се зголеми од 40 на 60 часа во период од 45 дена од потпишувањето на договорот.

Предложените измени и дополнувања на осум закони вчера ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, како и предлозите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за минерални суровини, на Законот за работни односи, на Законот за шумите, на Законот за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурните Коридор 8 и Коридор 10д. Од дневен ред единствено беше повлечен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културно наследство.

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...