fbpx

За да се спречи блокада со амандмани, Законот за попис ќе оди во Собранието по скратена постапка

-

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција посочи дека ќе предложи до Владата измените на законот со кој ќе се одложи пописот да се испрати до Собранието со европски знаменце и по скратена постапка со што нема да има можност за блокада на неговото донесување со амандмани.

„Измените во законот за попис се мали и за нив не треба многу време да се подготват, на нив сега во моментот се работи на предлогот и ќе ги предложам на денешната владина седница. Измените се мали, во една одредба ќе ставиме дека наместо од 1 март, пописот ќе се врши од 5 до 30 септември, а втората измена е дека дијаспората ќе може да се попишува од 1 март до 30 септември. Доколку се усвојат двете измени на Влада, веднаш ќе се испратат во Собрание и потоа е постапката на Собранието, но се надевам дека ќе се најдат на дневен ред утре“, појасни министерот за правда.

На дополнителното прашање дали очекува блокади на овие измени на законот со илјадници амандмани, како што се случуваше во изминатиов период, Маричиќ рече дека постапката на нивно предлагање нема да остави таква можност. Законот за измена на законот за попис би требало да стапи на сила на 1 април, за кога беше закажан почетокот на пописот пред најновиот договор на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба.

„Како и со законот за попис, кој беше испратен во Собранието со европско знаменеце, јас ќе предложам на денешната седница и измените на овој закон Владата да ги испрати во Собранието со евроропско знаме и во скратена постапка, за да може да го оствариме тоа што вчера беше усогласено, и очекува утре да се најде на собраниска седница. Така, не може неговото изгласување да биде блокирано со илјадници амандмани, таа постапка не дозволува да се внесуваат тие амандмани и не очекувам дека ќе има можност за таква блокада“, одговори Маричиќ.

На оваа прес-конференција инаку се презентираше најновиот прелиминарен извештај на ГРЕКО за земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...