fbpx

Партиите до утре на пладне треба да достават амандмани за Законот за јавно обвинителство

-

Политичките партии кои имаат забелешки на предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани утре до 12 часот, беше заклучено на денешната средба на работните групи на политичките партии кои разговараа во Собранието.

Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека дел од партиите уште на денешната средба доставиле амадмани, дел најавиле дека тоа ќе го сторат утре, а ВМРО-ДПМНЕ доставиле забелешки кои експертите ги изнеле на јавната расправа што беше организирана за предлог-законското решение.

– Она што го видовме низ изразени амандмани денеска од пратеничките групи кои навистина се желни, сакаат да влезат во процесот на носење на законот, ме охрабрува и мислам дека ќе има приближување на ставовите – рече Дескоска.

Таа очекува ВМРО-ДПМНЕ  да имаат конструктивен однос и како и сите други партии, амандманите да ги достават до утре до 12 часот.

– Доколку Министерството за правда има политичка волја оваа тема помалку да се политизира, би било добро Министерство за правда како надлежна институција да ги повика овие експерти и со нив врз основа на нивните јавно искажани забелешки кои не се политички туку струлни да изговтат амадмани кои ќе наидат на пошироко одобрување и поголем консензус за овој закон. Ако одиме на полтизирање на самите амадмани, шансите за консензус ќе бидат помали, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека остануваат отворени за нови средби.

По доставувањето на амандманите утре, разговорите ќе продолжат од понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...