вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ОДАС | 14 резултати

Средношколците и МОН постигнаа компромис околу државната матура

27 март 2023

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за Министерството за образование и наука (МОН), соопшти денес претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имаа со министерот Јетон Шаќири. Павиќевиќ кажа дека не е прифатено единствено барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај […]

Средношколците од ОДАС преку протест побараа кратење на материјалот за матура и се сретнаа со МОН

17 март 2023

Кратење на материјалот за полагање на државна матура и увид во истиот, побараа од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) на протестот што денеска го организираа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). По протестот на кој присуствуваа десетици средношколци и неколку студенти, претставници на организацијата влегоа на средба во Министерството, […]

ДИЦ: Комисиите што ги прават тестовите за матура ги имаат предвид случувањата со дојавите

16 март 2023

Членовите на испитните комисии, кои ги прават прашањата односно испитниот материјал за екстерните предмети во рамки на државната матура, ги имаат предвид случувањата во училиштата во изминатиот период. Ова е одговорот што го добивме од Државниот испитен центар на прашањето, дали ќе се крати од материјалот за учење поради изгубената настава што ја предизвикаа лажните […]

Надлежните поскоро да ни кажат што да учиме за матурата, бараат средношколците

13 март 2023

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) најави дека ќе организира предупредувачки протест в петок, во 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН). Тие бараат од надлежните поскоро да решат и да кажат што треба матурантите да учат за претстојниот матурски испит, бидејќи времето за учење и подготовка се скусува. […]

Матурантите бараат кратење на материјалот за учење за матура или еден предмет помалку

13 март 2023

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура или да се изостави еден интерен предмет, бараат средношколците кои се дел од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Ова бил заклучокот од дебатата организирана викендов на тема „Државна матура 2023: Што велат матурантите?“. Учениците бараат да се скрати материјалот заради дојавите […]

Организацијата ОДАС реагира за начинот на справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби

3 март 2023

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби. Оттаму велат дека решението предвидува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубените часови и успешно одвивање на полагањето на државната матура. „Оваа генерација на средношколци […]

ОДАС: Незадоволни од директорката, талентираните ученици почнуваат да се отпишуваат од МИГ

16 февруари 2023

Повеќе од една недела учениците од Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во Скопје го изразуваат својот револт поради, како што велат, незадоволството од некои од професорите во гимназијата. Учениците велат дека менаџментот на училиштето нема слух за нивните барања и проблеми и тврдат дека подлежат на притисоци. Преку видео-обраќање, ученичка во МИГ вели дека на повеќе состаноци […]

Се одржа првиот Национален средношколски самит: „Бидете во чекор со генерацијата“

3 октомври 2022

На Економскиот факултет при УКИМ во саботата се одржа првиот Национален средношколски самит на кој средношколците имаа можност да ги истакнаат своите ставови и предлог решенија за проблемите со кои се соочуваат во образовниот систем. Анисија Угриновска, претседател на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС), истакна дека ставовите и предлог решенијата кои беа […]

На 1 октомври ќе се одржи првиот Национален средношколски самит

21 септември 2022

На 1 октомври ќе се одржи првиот Национален средношколски самит, во организација на средношколското претставничко тело Организација за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Целта на самит 2022 е слободно произнесување на средношколците за нивните колективни проблеми на национално ниво и донесување на предлог-решенија за истите. „Решенијата кои ќе ги донесат средношколците на овој Самит […]

Угриновска: Вие живеете во времето на нашата генерација, а нашата генерација живее во времето на вашите одлуки (видео)

30 август 2022

Повеќе од 400 средношколци од пет градови од земјава кои беа дел од Проектот за граѓанско учество на УСАИД утврдија дека младите можат и треба да бидат вклучени во процесите на креирање политики, во борбата против корупцијата и во градењето на личниот интегритет. Во склоп на завршниот настан на проектот што се одржа вчера, свое […]

Страна 1 од 1