fbpx

Економските најави на Заев се ОК, но недостигаат детали

-

На собирот „Граѓаните за Македонија“, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, меѓу другото зборуваше и за клучните начела врз кои ќе се потпираат и градат политиките на Социјалдемократскиот сојуз.

Во однос на економијата, спомена фер распределбата на доходот и на државните добра по сите основи, даноци прилагодени според примањата на граѓаните, висината на казните ќе биде условена од приходите и друго.

Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ вели дека начелата врз кои би се базирале идните еконoмски политики на СДСМ, ако дојдат на власт, се сосема во ред.

– Доходовната нееднаквост кај нас е највисока во Европа и мора да се коригира. Прогресивни даноци мора да се воведат, што е можно побргу. Сепак, недостигаат детали за конкретните мерки за да може да се даде поиздржана оцена. На пример, воведување на прогресивни даноци може да значи враќање на стапките кои важеа пред воведувањето на „рамниот“ данок во 2007 година, што не би било вистинска прогресивност, туку би било само намалување на сегашната регресивност, зашто оние со највисоки доходи пак ќе плаќаат помалку, како процент од доходот, од оние со минимална плата – вели Јовановиќ.

Тој вели дека Заев не кажал за тоа што би се направило за да се намали сиромаштијата, која, исто така, е рекордна во Европа.

– Не слушнав ништо ни за работничките права, кои се најниски во регионот, постојано се намалуваат и постојано се кршат. И овие работи мора да бидат неизоставен дел на економските мерки што ќе се водат во иднина – додава Јовановиќ.

Во предлогот за економските мерки, Заев во неговиот говор истакна дека даноците ќе бидат прилагодени според примањата на граѓаните.

Во однос на оваа мерка, и експертот од ЕУ, Мартин Худсбаунт, неодамна на една конференција за даночна политика истакна дека данокот со рамна стапка што моментно Македонија го има, не е фер.

Во земјите на ЕУ тој е прогресивен и изнесува 6,12 и 21 процент.

– Што се однесува до оданочување на приходите на трудот, данокот со рамна стапка не е фер бидејќи го нарушува основниот принцип дека „најшироките раменици треба да го носат најголемиот товар“. Овој приход треба да се оданочува според прогресивна скала, со основен додаток ослободен од данок – смета Худсбаунт.

Лидерот на опозицијата, меѓу другите предлози ги спомна и субвенциите за земјоделците и привлекувањето странски инвестиции, кои и оваа Влада ги прави, но, според Заев, домашните компании ќе ги имаат приматот во државната помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...