fbpx

Станишев: Политичката криза сериозно ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија

-

Евроинтреграцијата на Македонија е доведена под знак прашање поради политичката ситуација во земјата, оцени денеска во Софија бугарскиот европратеник Сергеј Станишев.

– Ако политичката криза во Македонија продолжи да ескалира, ако дојде до апсења на лидерот на опозицијата, за што има голема веројатност, ако продолжи недостигот од дијалог, постојат сериозни ризици Европската комисија и Европскиот парламент да ги преиспитаат изгледите за членство на земјата во ЕУ. Ова го велам со загриженост – рече Станишев на прес-конференција посветена на резолуцијата на Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Македонија.

Станишев истакна дека Заев обелоденил загрижувачки аудиозаписи за криминално владеење во Македонија.
– Досега никој не ја оспорил содржината на разговорите, а се води истрага како се тие стекнати – рече Станишев, кој е и потпретседател на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија.

– Единствената можност за зачувување на територијалниот интегритет на Република Македонија е таа да стане дел од ЕУ и од некој заеднички систем за заштита и за безбедност. Несигурноста во Македонија не доаѓа од исток, несигурноста во Македонија доаѓа од северозапад – изјави Ангел Џамбаски, кој е заменик-член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

– Бугарија не е пречка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО. Ние сме најдобри пријатели на македонските граѓани – рече Андреј Ковачев од Европската народна партија, член на Бирото на Европскиот парламент и на Комисијата за надворешни работи, како и заменик-член во Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија.
Ковачев рече дека во моментов политичката криза во Македонија е огромна.

– Сè е во рацете на таканаречената политичка елита во Македонија и каква одговорност ќе преземат – изјави Ковачев.
Ковачев, Станишев и Џамбаски сметаат дека прво треба да се потпише договор за добрососедство меѓу Софија и Скопје, а дури потоа да почнат преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ.

– Ние не го негираме интегритетот и територијалниот интегритет на Македонија. Ние не сме луѓе кои уценуваат и кои ѝ ставаат сопки на Македонија во интеграцијата кон ЕУ. На територијата на Македонија има многу луѓе со бугарска националност. За Бугарија овој договор за добрососедство е дополнителна гаранција дека нема да се злоупотребуваат факти од заедничката историја – рече Ангел Џамбаски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...