fbpx

Кризата пред решение: Како Груевски да се пасивизира пред изборите?

-

Има изгледи политичката криза да се реши многу наскоро затоа што ставовите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се доближуваат, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови.

Според нашите информации, поголемите разлики се испеглани, освен дали премиерот Никола Груевски ќе биде „пасивен“ додека траат предизборните рокови.

Приближувањето е постигнато усно, без писмен договор, но, сепак, во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав.

Од СДСМ тврдат дека тие немаат намера да останат во „приказната“ уште долго време доколку не се најде решение, додека од ВМРО-ДПМНЕ денеска има целосен молк за тоа што конкретно предложил Груевски и како тоа би се реализирало во практика.

Лидерите на најголемите политички партии по средбата вчера во Клубот на пратеници, според заедничкото соопштение, се договориле да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2 јуни.

„Во овој контекст, лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот Никола Груевски го претстави владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат во согласност со точката 6 од договорот од 2 јуни“, се вели во заедничкото соопштение на СДСМ, ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...