Партиите договорија техничка влада од 28 јануари и двојни избори на 8 мај

Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада

-

Лидерите на парламентарните политички партии денеска се согласија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада.

Ова се клучните работи што ги договорија партиите на денешната лидерска средба.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ ја искористи лидерската средба за да информира дека СДСМ започнала иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ.

„Во оваа насока ги повикавме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт“, изјави Димитар Ковачевски, додавајќи дека стратешката цел на земјава е зачленување во ЕУ до 2030 година.

Ковачевски информираше дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател согласно статутот и соодветните правилници во партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече изгубеното време поради тоа што не се свикала лидерската средба, Македонија ја чинело неспособна и криминална власт, за што за неколку месеци ќе имало одговорност.

„Јас побарав лидерска средба во формат во кој што тие ќе го изберат уште многу одамна, правеа обиди за политички гимнастики повеќе недели за да на крај, повторно, завршиме на една таква лидерска средба. Изгубеното време не можеме да го вратиме“, рече Мицкоски.

Албанската опозициска коалиција „Европски сојуз за промени“ ја напуштија денеска лидерска средба со образложение дека до тоа дошло откако и собранискиот спикер Талат Џафери излегол од средбата кога точка на дневен ред била изборот на член во Државната изборна комисија.

„Кога точка на дневен ред беше членот во ДИК каде што ние елабориравме, тој ја напушти седницата и затоа и ние излеговме зошто немаше со кого да ги соочиме аргументите“, изјави лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, кој е во коалиција со Беса и Алтернатива.

На денешната лидерска средба воопшто не се појави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој уште вчера најави дека нема да учествува на денешната лидерска средба.

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова денеска по лидерската средба, нагласи дека е постигнат договор за датумот за одржување на изборите, додавајќи дека нејзината партија дополнително ќе одлучи во рамките на партиските органи дали ќе настапат самостојно или не на изборите.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...