fbpx

САД ја продолжуваат воената помош за Бахреин

-

Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат со воената помош за Бахреин, соопштиле претставници на властите во Вашингтон, јавува „Би-Би-Си“.

Безбедносната соработка трае од 2011 година, кога заливската држава успеа да ја задуши Арапската пролет во земјата и да ги прекине масовните протести на шиитската заедница.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, изјавил дека во Бахреин бил забележан напредок околу состојбата со човековите права и ослободувањето на политичките затвореници.

Во Бахреин е стационирана петтата флота на Американската морнарица, од каде САД ги спроведуваат воздушните напади на позициите на Исламска држава (ИД) во Сирија.

„Веруваме дека е важно да се препознае дека властите во Бахреин имаат постигнато значаен напредок во однос на реформите околу прашањето за човековите права и помирувањето“, изјавил Кирби, додавајќи дека тоа, сепак, не значи дека САД сметаат дека состојбата со човековите права во Бахреин е на соодветно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...