Фон дер Лајен: Постигнавте напредок, сега ЕУ треба да испорача

-

Ве сакаме покрај нас, порача претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на прес-конференцијата во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) со премиерот Зоран Заев.

Двајцата најпрво имаа средба во владата, од каде се упатија во киното, кое е реновирано со пари од ЕУ.

„Ве сакаме покрај нас. Европската комисија и јас стоиме на тоа. Вие постигнавте извонреден напредок и донесовте храбра одлука и сакам да ви честитам за тоа. Сакам да бидам јасна дека сега ЕУ треба да испорача“, рече Фон дер Лајен.

Секое продолжување на блокадата за почеток на преговорите ги храни силите коишто се противници на европското единство, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој рече дека дека соработката со ЕУ се одвива со интензивна динамика во многу различни полиња.

„На средбата во Владата ја изразив надешта дека лидерите на земјите членки на ЕУ ќе ја реафирмираат декларацијата од Брдо-Крањ кога Словенија го презеде претседавањето со ЕУ за цврстата заложба за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Блокадата на овој процес не во духот на оваа определба“, рече Заев.

Урсула фон дер Лајен во Скопје пристигна од Тирана, каде изрази поддршка за евроинтеграциските надежи на Албанија, но и на Северна Македонија.

По нејзината денешна посета на Скопје, утре доаѓа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...