недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ОБСЕ/ОДИХР | 48 резултати

ВМРО-ДПМНЕ без реакција на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

октомври 17, 2017

ВМРО-ДПМНЕ ја кажа својата оценка за изборниот процес, а дали и колку се совпаѓа таа со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, не знам…, одговори Иво Котевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на прашање од „Мета“ дали партијата ќе има реакција на вчерашната оценка за телото на ОБСЕ што ги следи изборните процеси. Инаку, ОБСЕ/ОДИХР зборуваше за напредок во […]

ЕУ: Новоизбраните градоначалници да придонесат за реформите

октомври 17, 2017

Локалните избори што се одржаа на 15 октомври беа спроведени во натпреварувачка атмосфера, стои во соопштението на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во врска со изборите. Во оценката на изборниот процес, ЕУ се повикува на првичниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и ги повикуваат властите во земјава ефективно да ги разгледаат препораките што ќе […]

ДИК ќе расправа за забелешката од ОБСЕ/ОДИХР дека била нетранспарентна

октомври 17, 2017

Државната изборна комисија на седница ќе го разгледа извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори одржани во неделата, на 15 октомври, и потоа ќе даде свој став. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека практика на ДИК е да ги разгледува забелешките упатени за локалните избори, а потоа да излезе со свој став и […]

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите минаа во согласност со меѓународните стандарди

октомври 16, 2017

Вчерашните избори минаа во согласност со меѓународните стандарди и продонесоа за зајакнување на довербата во демократскиот процес, заклучија меѓународните набљудувачи преводени од ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа. – Иако процесот сè уште не е завршен, на овие избори се виде напредок во демократскиот процес на оваа […]

Заев – Гловер: Ќе има строги санкции за секој што ќе ја наруши регуларноста на изборите

септември 26, 2017

Не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации, на кои работевме многу во изминатите неколку месеци, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори, Одри Гловер. Заев посочил дека ќе има строги санкции за секој поединец или организација […]

ОБСЕ/ОДИХР со 336 набљудувачи ќе ги следи локалните избори

септември 13, 2017

Локалните избори на 15 октомври ќе ги следат 336 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, амбасадорката Одри Гловер, денеска на прес-конференција соопшти дека 16 експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним оваа недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по […]

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

јули 5, 2017

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. – Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување […]

Вицепремиерот Османи се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

јуни 23, 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана де Зулуета. Османи истакнал дека посетата, која е пред локалните избори, претставува одлична можност да се применат клучните приоритети од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. – Владата веќе подготви план во кој посебно место имаат т.н. реформски приоритети […]

Трамп му честиташе на Ердоган за резултатот на референдумот

април 18, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му ја честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, победата на референдумот за уставните измени во земјата, со кои во голема мера се зголемуваат овластувањата на турскиот претседател, пренесува „Би-би-си“. Трамп, како што пренесуваат агенциите, телефонски му го честитал успехот на Ердоган на референдумот, на кој 51,4 отсто […]

ОБСЕ/ОДИХР оцени дека референдумот во Турција се одржал во нефер услови

април 17, 2017

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека референдумот во Турција се одржал во нефер услови и двете страни во кампањата немале еднакви можности. Во заедничкото соопштение на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се вели дека референдумот се одржал во политички амбиент во кој основните слободи кои се од суштинско значење за вистински демократски […]

Баша: Со оваа влада не се можни слободни избори

март 8, 2017

Доведено е во прашање одржувањето слободни избори, оти сегашната влада не сака да ги спроведе антикорупциските закони, а огромна е опасноста парите од трговијата со дрога да се користат за купување гласови, порачал лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, на денешната средба во Тирана со клучните претставници на ОБСЕ/ОДИХР. Баша рече и дека Централната изборна […]

ОБСЕ/ОДИХР: Постизборниот период беше тензичен и со остра реторика

февруари 28, 2017

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска попладне го објави конечниот извештај за предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година во Македонија, во кој се наведува дека е потребно и понатаму да се работи на унапредување на правната рамка, но и да се преземат законски мерки за заканите кон амбасадорите. „Иако партиите генерално, имаа можност за […]

ОБСЕ/ОДИХР: Нема време да се направат промени во изборниот законик на Албанија

јануари 15, 2017

Во документ на ОБСЕ/ОДИХР кој го објави националниот албански весник „Панорама“, се вели дека е доцна да се направат промени во Изборниот законик во Албанија. ОБСЕ/ОДИХР го одби барањето на Демократската партија за електронско броење на претстојните избори во јуни. ОБСЕ/ОДИХР исто така го одби барањето на партијата Социјалистичко движење за промена која предложи отворени […]

Отпечатени дури 80.000 пробни гласачки ливчиња

декември 6, 2016

Печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, во саботата попладне отпечатила 80.000 ливчиња повеќе заради тестирање на опремата за печатење, дознава „Мета“ од неколку извори кои сакаат да останат анонимни. Според истите извори, случајот е пријавен и во набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Оттаму на прашањето на […]

Арсовска-Томовска до ОБСЕ/ОДИХР: Опозицијата користи државни ресурси за партиски цели

ноември 26, 2016

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, упати отворено писмо до Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во кое ја критикува опозицијата дека ги користи институционалните ресурси за партиски активности. „Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Ова говори за фактот […]

ОБСЕ/ОДИХР: Има мали инциденти и притисоци врз администрацијата

ноември 25, 2016

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во последниот извештај за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември наведува дека без разлика што официјално изборната кампања почнала на 21 ноември и треба да заврши 24 часа пред денот на изборите, поголемиот дел од политичките партии почнале со мобилизирање на своите гласачи и пред почетокот на овој период, преку организирање […]

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи

ноември 3, 2016

Канцеларијата на мисијата на ОБСЕ за демократски институции и за човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја почна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Мисијата се состои од главен тим на 14 експерти и од 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца, почнувајќи […]

Заплашување гласачи и нетранспарентност на ДИК констатираше ОБСЕ во извештајот

јули 8, 2016

Заплашување гласачи, нетранспарентно работење на ДИК, комплексен процес на ажурирање на избирачкиот список и неизбалансирано известување на дел од медимите е констатирано во финалниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за одложените избори за 5 јуни. Во извештајот, кој е објавен денеска, се вели дека иако биле преземени мерки да се спречат заплашувања и притисоци […]

ОБСЕ/ОДИХР: Се врши притисок врз администрацијата да оди на контрапротести

мај 13, 2016

Политичката атмосфера во земјата останува тензична, стои во најновиот извештај на набљудувачката мисија за избори во Македонија, ОБСЕ/ОДИХР, и се додава дека опозицијата и некои граѓански организации преку протести бараат одложување на изборите и повикуваат на поголема вклученост на меѓународната заедница во решавањето на кризата, додека контрадемонстранти повикуваат на одржување на изборите на 5 јуни. […]

Заев: Имаме одговорност да се избориме за слободна Македонија и тоа го правиме

април 13, 2016

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Радмила Шекеринска и од Стевица Јосифовски, шеф на правниот комитет во штабот на партијата, попладнево се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен, придружуван од заменичката, Раул Мурешан, и од политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ. Како што информираат од СДСМ, тема на разговор била […]

Страна 2 од 3