fbpx

Српската опозиција и денеска во Белград ќе организира протест

Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе соопшти дека изборите во Србија ги одбележале сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење на страв

-

Опозициската коалиција „Србија против насилството“ денеска ќе организира нов протест пред српскиот парламент и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), јавува весникот Данас. Претставниците на опозицијата критикуваат дека изборниот процес на изборите во Белград и во Србија бил нелегитимен.

„Ќе ги повикуваме луѓето секој ден да се собираат пред зградата во која се наоѓа Републичката изборна комисија. Невозможно е да се влезе во зградата, вратите се блиндирани и има многу полиција. Вистинскиот метод за борба против кражба на изборите е протест и притисок на РИК“, изјави пратеникот од опозициската коалиција Срѓан Миливојевиќ.

Тој наведе дека за сите докази за кражба на изборите опозицијата ќе ја извести мисијата на ОБСЕ во Србија. Тој рече дека на градската изборна комисија во Белград вчера им било забрането да зборуваат за изборната кражба и да ги изнесат доказите. „Србија против насилството“ ја обвинува власта дека обезбедила 40.000 документи за лична идентификација на лица кои воопшто не живеат во Белград.

Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи синоќа реагираше за начинот на кој се одвивале изборите во Србија. Од ова министерство наведуваат дека изборните неправилности се неприфатливи за земја која е кандидат за членство во ЕУ.

„Србија гласаше, но ОБСЕ и ОДИХР пријавуваат злоупотреба на јавните ресурси, застрашување на гласачите и случаи на купување на гласови. Тоа е неприфатливо за земја со статус кандидат за членство во ЕУ“, објави германското МНР на социјалната мрежа Х, пренесува Радио Слободна Европа. 

Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе соопшти дека изборите во Србија ги одбележале сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење на страв.

Меѓународните набљудувачи на мисијата на ОБСЕ го следеа процесот на одржување на изборите во Србија.

„Тоа се сериозни проблеми со кои институциите мора сериозно да се занимаваат и да ги истражат, за да во иднина се создадат фер изборни услови и посилна демократија во Србија“, соопштено е на конференцијата за новинари на ОБСЕ/ОДИХР.

Што се однесува на нерегуларностите за време на изборниот ден, од ОБСЕ/ОДИХР изјавија дека забележале „групно гласање и нарушување на тајноста на гласањето“.

„Видовме сериозни нерегуларности, меѓу кои е купувањето на гласови“, изјави меѓународните набљудувачи на 18 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестира – се бараат повисоки плати и разрешување на Управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...