fbpx

САД и ЕУ ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа го насочуваат вниманието на нерегуларностите кои се случиле за време на изборите

-

Меѓународните набљудувачи на изборите во Србија денеска го објавија прелиминарниот извештај за изборниот процес и атмосферата на изборите што се одржаа на 17 декември, јавува Данас. Акцентот во извештајот е ставен на локалните избори, кои се одржаа заедно со парламентарните избори во оваа земја.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа го насочуваат вниманието на нерегуларностите кои се случиле за време на изборите. Притоа, тие наведуваат дека главните проблеми што ги забележале се купувањето на гласови, превозот на избирачи, застрашувањето и притисокот врз гласачите, злоупотребата на државните ресурси во предизборна кампања, а најголем акцент на овие нерегуларности е ставен на случувањата на белградските избори.

Прелиминарниот извештај се осврнува и на непочитувањето на елементарните човекови права, правото на слобода на изразување и притисокот на медиуми во рамките на предизборниот циклус. Исто така, напомената е и силната нееднаквост меѓу мажите и жените на изборните листи.

Извештајот ја коментира и пасивноста на регулаторното тело РЕМ, кога е во прашање регулацијата на медиумите во текот на изборните кампањи.

Оценките се дека изборниот ден поминал релативно мирно, но со инстанци на насилство, честите пријави на нерегуларни случувања на самите избирачки места, како и наводи за превоз на гласачи кои би гласале за владејачката партија на локалните избори.

Покрај бројните критики во прелиминарниот извештај за изборниот процес од набљудувачката мисија, меѓународната заедница веќе реагираше со неколку барања до властите во Белград.

САД ја повикуваа Србија да ги истражи наводите на меѓународните набљудувачи за изборни нерегуларности, изјави на прес-конференција портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Официјален Вашингтон вели дека го разгледува прелиминарниот извештај.

„Ја повикуваме Србија да работи со ОБСЕ за да ги реши овие прашања. Наводите за нерегуларности, пријавени од ОБСЕ и други меѓународни набљудувачи, треба да се истражат. Тоа не е прифатливо. Ќе продолжиме да ѝ го даваме јасно до знаење тоа на Србија“, изјави портпаролот Метју Милер.

Инаку, со заедничко соопштение излегоа и високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. Тие ја повикаа Србија „видливо да го подобри“ изборниот процес, а надлежните транспарентно да ги истражат извештаи за нерегуларностите, како во Белград, така и во другите општини. Вархеји и Борел истакнуваат дека правилното функционирање на демократските институции на Србија е сржта на процесот на пристапување во ЕУ.

Српската опозиција обединета околу коалицијата „Србија против насилството“ ги продолжи протестите во Белград, додека опозициските лидери продолжуваат со штрајкот со глад. Опозициската лидерка и потпретседателка на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ веќе трет ден штрајкува со глад поради изборните нерегуларности, појаснувајќи дека нема да се откаже додека властите не ги прифатат нивните барања за повторување на изборите во Белград.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...