fbpx

ОБСЕ за референдумот: И покрај празнините во законите, темелните слободи беа почитувани

-

Иако законската рамка не ги покри доволно сите аспекти на процесот, референдумот од 30 септември во Поранешната Југословенска Република Македонија беше администриран непристрасно, а темелните слободи беа почитувани, заклучија меѓународните набљудувачи во нивната денешна изјава.

„Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес, а, иако непостоењето на официјална кампања „Против“ значеше дека гледиштата на кампањата „За“ доминираа, медиумите обезбедија опсежни информации и широк спектар на мислења. Државната изборна комисија донесе регулатива за да ги пополни празнините во правната рамка, што покрена прашања околу нејзините законски овластувања да го прави тоа. Иако властите вложија извесни напори да обезбедат јавни информации во врска со договорот, неговата содржина беше недоволно објаснета“, рече амбасадорот Јан Петерсен, шеф на мисијата на ОДИХР за набљудување на референдумот.

Набљудувачите исто така оценија дека „Собранието, првенствено преку владејачките партии, ја предводеше кампањата „За“, која содржеше и висок степен на ангажман на странски лидери и претставници на ЕУ, НАТО и Соединетите Американски Држави.“

Тие оценија дека „иако немаше активна кампања „Против“, коалиција од граѓански здруженија и две помали политички партии се залагаше за бојкот, преку митинзи и на социјалните медиуми, а често користејќи потпалувачка, националистичка реторика, рекоа набљудувачите.“

„Доколку ги почитуваме оние кои одбраа да не гласаат, бездруго мораме да ги почитуваме и оние над половина милион – кои сериозно го сфатија референдумот и одлучија да го дадат својот глас за иднината на земјата. Во оваа пригода, тие ја изразија својата волја во мирно опкружување. За во иднина, се надеваме дека прашањето на точноста на избирачките списоци ќе биде најпосле
решено“, рече Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Набљудувачите оценија дека „ДИК го администрираше референдумот непристрасно и одржуваше ефикасни и колегијални јавни состаноци, иако на нив недостигаше суштествена дебата за клучни прашања.“

„Комисиите на пониско ниво генерално работеа професионално, а, и покрај некои мали неправилности, гласањето на денот на референдумот беше оценето позитивно на 98 проценти од избирачките места посетени од меѓународните набљудувачи. Правилата за финансирање на кампањите не зборуваат за лимити на трошењето и им недостигаат јасни барања за поднесување финансиски извештаи за кампањите и за ревизија, или санкции во врска со тоа, рекоа набљудувачите. Владата распредели околу 1,3 милиони евра за Собранието, за трошоците на телевизиско рекламирање, но опозицијата тоа го одби, па се потроши само делот јавни средства наменет за кампањата „За“. Законската рамка предвидува мониторинг од страна на меѓународни и граѓански набљудувачи. Предлагачот на референдумот – во овој случај Собранието – имаше право да именува свои претставници да набљудуваат на избирачките места, но тоа реши тоа да не го стори“, оценија набљудувачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...