fbpx

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што се наоѓа ОБСЕ

-

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ – македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што се наоѓа ОБСЕ. Русија нагласила дека за да опстане Организацијата, да излезе од сегашната длабока криза и да се врати на нормалните активности, неопходно е да продолжи меѓусебно почитуван и еднаков дијалог меѓу земјите-учеснички и да се почитува основното правило на консензус во ОБСЕ.

И покрај претходните навестувања на руското Министерство за надворешни работи дека имало многу барања за средби на Лавров од други министри за надворешни работи, денеска во Скопје тој успеа да се сретне единствено со унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, казахстанскиот министер за надворешни работи М.А. Нуртлеу и ерменскиот министер за надворешни работи А.С. Мирзојан.

Лавров денеска не само што не беше примен од други министри за надворешни работи, туку македонскиот премиер Димитар Ковачевски уште утрово информираше дека нема да организира средба со рускиот министер за надворешни работи. Лавров нема да биде примен ниту од македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Наместо ова, на денешниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, Русија беше уште еднаш силно осудена за воената агресија што ја врши во Украина од 24 февруари 2022 година. Дури 36 земји-членки на ОБСЕ денеска во заедничката воведна изјава пред Министерскиот совет ја повикаа Русија целосно и безусловно да ги повлече своите сили и воена опрема од Украина и веднаш да ја прекине агресивната војна, јавува Укринформ.

Европската Унија и девет други земји – С. Македонија, Црна Гора, Албанија, Молдавија, БиХ, Грузија, Исланд, Сан Марино и Украина, се потписнички на воведната изјава дадена за време на 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ што се одржува денеска во Скопје.

„Уште еднаш ја повикуваме Русија веднаш да ја прекине својата агресивна војна против Украина и целосно и безусловно да ги повлече сите свои сили и воена опрема од целата територија на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, соопшти Делегацијата на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...