fbpx

Постигнат договор – Малта е новиот претседавач на ОБСЕ за 2024

Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекуваше на 4 декември годинава

-

На Министерскиот совет на ОБСЕ беше постигнат консензус од сите 57 земји-членки за Малта да биде иден претседавач со Организацијата во 2024 година, соопшти попладнево актуелниот претседавач и министер за надворешни работи Бујар Османи.

Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекува на 4 декември годинава.

Ова значи дека генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Мариа Шмид, како и директорот на ОДИХР, високиот претставник за национални малцинства и претставникот за слобода на медиумите во ОБСЕ ќе продолжат да функционираат непречено.

Османи објави дека во Скопје успеале да ја спасат функционалноста на Организацијата, така што е продолжен мандатот на четирите извршни лидери на ОБСЕ.

Како актуелен претседавач, Османи ѝ честиташе на Малта за претседавањето со Организацијата во 2024 година, а искажа и благодарност до сите земји за продолжувањето на мисијата на ОБСЕ и во иднина.

Тој изрази надеж дека за време на претседавањето на Малта со ОБСЕ ќе заврши и воената агресија на Украина врз Русија.

Идниот претседавач со ОБСЕ, малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг се заблагодари за довербата која што ја доби од другите земји-членки на ОБСЕ.

Мора да се фокусираме за стопирање на војните и конфликтите, руската агресија врз Украина мора да сопре, изјави тој, додавајќи дека мора да се почитуваат основните темели врз кои почива Организацијата.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Мариа Шмид изјави дека одлуките ќе овозможат ОБСЕ да продолжи да дава поддршка на стабилноста, на човековите права и на слободата на медиумите во регионот.

„Овде сме за да служиме на целите на Организацијата“, изјави Хелга Мариа Шмид.

Организацијата се состои од принципи договорени од сите пред 50 години и не служи само за решавање на безбедносните предизвици, туку и да работи на многу други области.

Таа се заблагодари дека ангажманот на сите во ОБСЕ за борбата против организираниот криминал, мониторирањето на изборните процеси, поддршката за безбедноста на новинарите, кои се само дел од многуте активности на кои работи и ќе продолжи да работи Организацијата за безбедност и соработка во иднина.

Мора да ги споменам трите лица од мисијата на ОБСЕ во Украина, кои над 600 дена се задржани во Донбас, рече Хелга Мариа Шмид, и побара да бидат под итно ослободени.

На новинарско прашање за тоа како Русија се согласи на овие отстапки за време на Министерскиот совет на ОБСЕ, Османи рече дека Организацијата се заснова на консензус и нема одлука која може да се донесе поинаку.

„Благодарен сум што во најполаризираната година за Европа успеавме да усвоиме пет круцијални одлуки со консензус“, изјави претседавачот Османи.

Тој додаде дека Организацијата била многу гласна во однос на руската агресија врз Украина, така што Османи потенцираше дека нема отстапки и пазарувања со принципите на ОБСЕ при донесувањето на овие одлуки.

Во однос на прашањето дали Малта за време на претседателствувањето ќе ја приоретизира темата за слободата на изразување, малтешкиот министер за надворешни работи рече дека Малта ќе биде целосно посветена на зачувувањето на заложбата за заштита на жените-новинарки, но и на слободата за изразување во текот на 2024 година.

На новинарско прашање за буџетот на ОБСЕ, Османи информираше дека буџетот не е одобрен од 2021 година, бидејќи Руската Федерација ја блокира оваа одлука и Организацијата многу страда поради недостиг на буџет. Ова го спречува отворањето на нови позиции и испраќањето на нови теренски мисии на ОБСЕ во конфликтните зони, изјави Бујар Османи.

Тој рече дека Русија досега ставала вето за усвојувањето на буџетот за 2023 година, но се надева дека во наредните денови ќе проба повторно да ги успее сите земји да постигнат консензус за донесувањето на буџетот.

„Ја повикувам Руската Федерација да дозволи консензус за буџетот“, потенцираше актуелниот претседавач на ОБСЕ Османи.

Тој предупреди дека функционирањето на теренските мисии на ОБСЕ е доведено под знак прашалник во натамошниот период. Османи го потенцираше особено проблемот со теренската мисија на ОБСЕ во Молдавија која е критична за воспоставување на врски меѓу властите во Кишињев и самопрогласените органи на Транснистрија, како и теренските мисии кои се лоцирани во Косово и во Босна и Херцеговина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...