fbpx

На 100 години почина Хенри Кисинџер

И покрај напуштањето на функцијата во 70-тите години, Кисинџер со децении беше консултиран од американските лидери

-

Поранешниот американски државен секретар, Хенри Кисинџер, кој стана една од најистакнатите и најконтроверзни фигури на американската надворешна политика на 20-тиот век, почина на 100-годишна возраст.

Смртта на Кисинџер ја соопшти неговата консултантска фирма „Kissinger Associates“ вчеравечер, без да ја открие причината, пишува Гардијан.

Кисинџер беше државен секретар на САД додека претседател на земјата беше Ричард Никсон. Познатиот дипломат со германско потекло советуваше десетина претседатели во текот на неговата долга кариера, вклучително и Џо Бајден, а ја доби и заедничката Нобелова награда за преговорите за завршување на војната во Виетнам.

За време на неговите осум години како советник за национална безбедност и државен секретар, САД ги отвори односите со Кина и придонесе до прекин на непријателствата во Јомкипурската војна меѓу Египет и Сирија, од една страна и Израел од друга.

Сепак, неговиот белег беше дефиниран и од презирот кон човековите права и напорите да ги заштити американските корпоративни интереси по секоја цена, при што противниците ширум светот го опишуваат како воен злосторник.

Кисинџер го поддржуваше воениот диктатор на Индонезија во инвазијата на Источен Тимор, ја поддржа инвазијата на Ангола од страна на режимот на апартхејдот во Јужна Африка и работеше со ЦИА за соборување на демократски избраниот претседател на Чиле, Салвадор Аљенде. Тој, исто така, одобри прислушување на новинари и на персоналот од неговиот кабинет.

Нобеловата награда што ја доби за преговорите за Парискиот договор со кој заврши војната во Виетнам е една од најоспоруваните во историјата на Наградата, откако беше откриено дека Кисинџер го поддржал бомбардирањето на Камбоџа. Двајца членови на Нобеловиот комитет подоцна се повлекоа поради одлуката.

Кисинџер стана советник за национална безбедност кога Никсон ја презеде Белата куќа во 1968 година. Тесно соработувајќи со претседателот, Кисинџер беше влијателен во значајните одлуки во врска со војната во Виетнам, вклучително и тајното бомбардирање на Камбоџа во 1969 и 1970 година.

Тој го преживеа падот на Никсон во скандалот Вотергејт и му служеше на Џералд Форд, напуштајќи ја владата по изборната победа на Џими Картеер во 1976 година.

Како гигант од редовите на Републиканската партија, Кисинџер остана влијателен до крајот на својот живот, најмногу благодарение на основањето на неговата геополитичка консултантска фирма со седиште во Њујорк, но и како автор на неколку книги за меѓународни прашања.

Дури и откако наполни 100 години, Кисинџер продолжи да води активен живот, а во јули годинава ненадејно го посети и Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, каде остарениот државник беше почестен и покрај заладувањето во односите меѓу Кина и САД.

Посетата ја вознемири Белата куќа, а портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави дека е жалосно што приватен граѓанин имал пристап до кинеските лидери, но не и американската влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...